во

Шок во живо: Водителка на РТС заспала во емисија, види што се случило!

Водителката на РТС, Ивона Пантелиќ, ги изненади гледачите кога заспала во текот на емисијата „Дневник“, која се емитувала во живо. По неочекуваниот инцидент, таа веднаш се огласила на својот Инстаграм профил, каде споделила фотографија од студиото, на која лежи и одмара.

„Ништо не навестуваше дека имам температура од 38 степени, освен што ми се приспиваше малку“, напишала Ивона како опис на сликата.

Отворено за борбата со болеста

Во последно време, Ивона отворено зборува за својата борба со тешка болест и како тоа влијаело на нејзиниот живот. Таа смета дека искреноста ѝ помогнала полесно да се соочи со состојбата.

„Мене ми беше многу полесно кога почнав отворено да зборувам за сè. Кога ќе ја споделам вистината, се чувствувам олеснето, а луѓето полесно ја прифаќаат реалноста. Сакам да им помогнам на сите што се соочуваат со истото, особено на жените кои се борат со болести како мојата“, изјавила Ивона, нагласувајќи дека е важно да се прифати состојбата и да се издржи процесот на лекување.

Ивона открила и како пријателките кои поминале низ слични искуства ѝ дале сила да продолжи и да ја пренесе својата приказна на другите, охрабрувајќи ги да не се плашат, туку да бидат истрајни.

„Болеста е дел од животот, како и здравјето. Мора да се прифати и низ тоа да се помине“, додала таа.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Цеца ја насмеа Богдана со неочекувана шега за свекрви

Анја Мандиќ сподели емотивна фотографија со Манда: Нивниот син полни 18 години