во ,

ШОК! Трамп ја повлекува војската, Европа на колена моли: Сакаме план за повлекување на трупите, ако Русија упадне…

Европските сојузници во НАТО мора да имаат јасна мапа на патот во случај на какво било повлекување на американските сили од европскиот континент, порача финскиот министер за одбрана Анти Хаканен, истакнувајќи дека координацијата со Вашингтон треба да спречи безбедносен вакуум што би можела да го искористи Москва.

– Мораме да имаме заеднички план со Американците во случај да одлучат да ги пренасочат своите конвенционални одбранбени капацитети кон Пацификот. Таквата промена бара договорена мапа на патот – рече Хаканен за Политико, по неформалниот состанок на министрите за одбрана на Европската унија одржан во Варшава.

Купи Маица

Вашингтон да достави конкретен план

Финскиот министер го повика САД да изнесе прецизно сценарио за повлекување, со цел да се спречи можноста Русија да ја искористи евентуалната празнина во европската безбедносна структура.

– Неопходно е САД да го усогласат својот пристап со европските иницијативи за зајакнување на одбранбените капацитети во рамките на ЕУ – нагласи Хаканен.

Сличен став изнесе и германскиот министер за одбрана Борис Писториус, кој минатиот месец побара од својот американски колега Пит Хегсет да изработи детален план за дејствување во случај американските трупи да бидат преместени од Европа во индо-пацифичкиот регион. Како што рече, ниту Белата куќа ниту Пентагон не му доставиле одговори на тоа прашање.

ЕУ под притисок да ја зајакне сопствената одбрана

Европските земји забрзано се обидуваат да ја консолидираат и зајакнат сопствената безбедносна архитектура, по низата пораки од американската администрација кои укажуваат дека Вашингтон би можел да го преиспита обемот на воената поддршка за Стариот континент.

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп повеќепати ги обвинуваше европските земји дека не издвојуваат доволно за одбрана, а очекуваат заштита под „американскиот одбранбен чадор“.

На состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, американскиот државен секретар Марко Рубио ја отфрли загриженоста на европските сојузници како „хистерија“ и порача дека посветеноста на САД кон Алијансата останува неспорна.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте додаде дека во рамките на алијансата „нема изненадувања“ и дека секое американско стратешко свртување кон Азија ќе се спроведе „во целосна координација со партнерите во Европа“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп, што правиш?! Американците излезени од кожа, снимката ги запали мрежите: Повторно се случи шокантна ситуација!

44 загинати и над 160 повредени откако се урна кров во дискотека во Доминиканска Република