Песната е всушност настаната поради нејзиниот домашен љубимец
Марина Туцаковиќ со своето перо на многу пејачи им го промени животот. Иако поминаа три години од нејзината смрт, нејзината работа ќе остане засекогаш во народот. Авторката на најголемите хитови кои се испеаја во последните 40 години за време на животот работеше со најголемите имиња од нашата сцена.
Во едно интервју кое го даде пред десет години на водителот Горан Стојиќевиќ Карамела, авторката се присетуваше на разни текстови кои ги напишала, а потоа откри дека песната “Ситније Циле ситније” која ја испеа Лепа Брена ѝ ја посветила на својата мачка.
– Песната “Си Циле си” е настаната така што имав еден мачор кој се викаше Циле. И секоја ноќ доаѓаше во кревет и ме грицкаше за увце – ете ти моја инспирација, говореше Марина во емисијата “Сервис Карамела”.
Таа тогаш откри и дека песната од Ок бенд “У меѓувремену” настанала додека се туширала.
– Никако немав инспирација за рефрен. И јас цел ден пробував и пробував и просто не биваше. Се откажав јас од пишување и отидов да се туширам. Влегов јас во када, се капам и само тргнува “А у меѓувремену, наћи ћу јој замену…” и ете така настана тој рефрен – говореше Марина.