во ,

ШТО СЕ СЛУЧИ СО ЛАЈКА? Првото живо суштество во орбитата кое ТРГНА НА ПАТ БЕЗ ВРАЌАЊЕ!

Лајка е можеби најпознатото куче во светот. Таа е првото живо суштество што стигна до Земјината орбита. Но, зад нејзината слава се крие тажна приказна.

Во 1957 година, Советскиот Сојуз го лансираше сателитот Спутник 2. Ова беше дел од т.н. Вселенска трка меѓу СССР и САД. Двете сили се натпреваруваа за доминација во вселената.

Купи Маица

Советите први пратија сателит, а потоа и човек (Јуриј Гагарин). Американците први стапнаа на Месечината. Во рамките на оваа трка, во леталото Спутник 2 беше и Лајка.

Таа била женка мешанка, пронајдена како скитник на улиците во Москва. По изборот за мисијата, нејзиниот живот се променил од корен. Стана првото куче испратено во орбита.

За жал, набрзо по лансирањето дошло до грешка во системот. Ракетата-носач не се одвоила правилно од леталото. Ова предизвикало нагло зголемување на температурата во капсулата.

Лајка претрпела големи маки и болки. Починала од прегревање само неколку часа по полетувањето. Нејзината жртва беше огромна.

Првичните извештаи од Советскиот Сојуз беа поинакви. Се тврдеше дека умрела од недостиг на кислород. Подоцна, беше кажано дека била „заспана“ со фатална доза пред да снема кислород.

Сепак, вистината излезе на виделина дури во 2002 година. Тогаш беше откриено дека причината била прегревање и стрес.

За нејзината судбина зборуваше и Адилија Котовскаја. Таа била една од научничките кои ја тренирале Лајка. „Знаевме дека таа ќе умре за време на летот. Во тоа време немаше начин да ја вратиме“, изјави Котовскаја.

„Отидов да ја посетам пред лансирањето. Ја замолив да ни прости. Плачев додека последен пат ја галеß“, раскажа таа. Следниот ден, Лајка тргна на своето патување без враќање.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кашмир повторно жариште: Ќе ризикуваат ли Индија и Пакистан војна по нападот врз 26 туристи?

РУСКИ ФУНКЦИОНЕР ТВРДИ: Украина ТРУПА СТРАНСКИ ПЛАТЕНИЦИ на границата – „Нешто ОПАСНО се спрема!“