Јапонски експериментален воз од типот „Шинкансен“, беше тестиран во вторникот и превезе група на јапонски новинари.
Првиот тест на новиот воз наречен “ALFA-X” го изврши “East Japan Railway Co.”, а брзината која ја постигна изнесува 382 километри на час. Ова е првото тестирање на возот чиј развој беше завршен во мај 2019-та година.
Инаку, овој тип на воз може да достигне брзина од 400 километри на час.
Тестот беше целосно успешен, а беше извршен на линихата Тохоку Шинкансен која ги поврзува Токио и префектурата Аомори. Времетраењето на патувањето траеше 40 минути, а обично досега траеше час и 15 минути.
Возовите во Јапонија моментално достигнуваат максимална брзина од 320 километри на час. Една од главните разлики помеѓу старите и најновиот воз се специфично обликуваните предни и задни вагони. Покрај тоа, целиот систем на кочење е унапреден, како и системот за електромагнетен отпор.
За на патниците да им биде што е можно поудобно, Јапонците го унапредија и системот на амортизација кој хоризонталните и вертикалните вибрации ги сведува на минимум.
Јапонските новинари тврдат дека за време на возењето, во патничката кабина при брзина од 320 километри на час не се слушнал никаков звук. Сепак, звукот на моторот можел да се слушне при брзина од 360 до 380 километри на час.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден