Јапонците направиле ладилник кој постигнува температура до -1000 степени.
Поставиле услов, кој ќе издржи најдолго во фрижидерот, ќе му го подарат островот Хокаидо.
Се пријавиле Французин, Англичанец и Македонец.
Французинот побарал жена и гајба вино. Одвај дочекал -200 степени и излегол надвор.
Англичанецот побарал жена и гајба виски, но на -300 не издржал и излегол.
Последен бил Македонецот кој побарал бочва ракија и кумот за друштво.
Сите чекале со нетрпение.
Поминал еден час, термометарот покажал -1000 степени, а од двајцата ниту глас.
Помислиле дека веќе замрзнале, еден од Јапонците ја отворил вратата и што да види:
Си седат двајцата и пијат ракија. Одеднаш кумот станал и му удрил една глава на Јапонецот.
– Добро ли направив, кумашине? – прашал тој.
– Многу добро куме! Овде и така е ладно, а тој уште и врата ќе ни отвара!