Германец, Американец и Босанец разговараат што ќе им купат на жените за роденден.
Германецот вели:
– „Јас и земав на жената нешто што од 0-100 крева за 9 секунди“.
Американецот и Босанецот го прашуваат:
– “Што е тоа?”
Тој одговара:
– „Порше“.
Американецот вика:
– „На жената и купив нешто што од 0-100 крева за 6 секунди“.
Германецот и Босанецот го прашуваат:
– “Што е тоа?”
Тој одговара:
– „Ферари“.
Босанецот:
– „На жената и зедов нешто што од 0-100 крева за 2 секунди“.
Германецот и Американецот го прашуваат:
– “Е што е тоа?”
Тој одговара:
– „Па, вага“.