во ,

„Јас и ти како едно тело“: Ана од „ДНК“ со емотивна објава по трагедијата во Кочани

„Сеќавањата остануваат“ – Ана Костадиновска, придружниот вокал на групата „ДНК“, е една од ретките кои го преживеаја страшниот пожар во Кочани. Иако се на домашно лекување, болката за загубата на нејзините колеги е сѐ уште силна. Таа повторно се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака која ја покажува нераскинливата врска со групата.

„Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа… ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден“, стои под сликата со Сара Пројковска.

Ана Костадиновска, позната како придружен вокал на музичката група „ДНК“, беше меѓу преживеаните од трагичниот пожар во Кочани. Заедно со неа, несреќата ја преживеаја и фронтменот Владимир Блажев-Панчо, како и младиот гитарист и пејач Горан Тонев. Тие се единствените членови на групата кои успеаја да се спасат.

Според последните информации, Ана Костадиновска веќе е пуштена на домашно лекување. Таа полека закрепнува од повредите здобиени во пожарот.

Пролетен Попуст

Денеска, Ана повторно сподели фотографија на која е заедно со останатите членови на „ДНК“. Под фотографијата напиша дел од познатиот рефрен на нивна песна: „..јас и ти ко едно тело..“. Со овој стих, таа ја истакна нивната посебна поврзаност и заедништво кое ги красеше како група.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трагедија во Киев: Петгодишно дете меѓу жртвите на рускиот напад со дронови

Возач на достава двапати прегазил жена – „Извинете!“ не беше доволно