во ,

Ја сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!

Слетало ѓаволче во Њу Јорк и почнало да се дере:

– Ја сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!

Одма дотрчало обезбедувањето и му рекло:

– Овдека не можеш да крадеш, немаш виза. Оди во Русија.

Отишло ѓаволчето во Русија, слетело од авион и почнало да се дере:

– Ја сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!

Дотрчале Руси и му рекле:

– Овде не можеш да крадеш, претседателот одма ќе те фати. Оди во Германија.

Отишло ѓаволчето во Германија, слетело од авион и почнало да се дере:

– Јас сум ѓаволче, носам куферче и дојдов да крадам!

Му дошле полицајци и му рекле:

– Овдека не можеш да крадеш, одма ќе те уапсиме. Него слушај, има

една мала земја на Балкан,се вика Македонија. Таму сите крадат и

никој не лежи во затвор. Оди таму.

Се уморило ѓаволчето од патување, ама конечно слетува на аеродром

во Скопје, излегува од авион и се дере:

– Ја сум ѓаволче, имам… имам… абе каде ми е куферчето, мангупи едни?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ли, те нервира ли кога велат дека сите Кинези си личат еден на друг?

Како изгледаат денес децата кои станаа светски познати по својата убавина