во

Јелена Карлеуша и Бака Прасе фатени заедно: „Цел ден мирисам на неа!“

„Цел ден мирисам на неа“: Бака Прасе ја разгоре фантазијата на фановите со приватна слика со Карлеуша! Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша фатена во друштво со познатиот јутјубер, кој изгледа не може да поверува што му се случува.

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, пред долгоочекуваниот заеднички лајв со Јелена Карлеуша, сподели фотографија на која двајцата се заедно. Сликата, направена во луксузен ресторан на Дедиње, ја покажува ѕвездата со познатата долга, платинесто-плава коса, а Бака на свој начин постави анкета за своите следбеници: „Со кого сум на ручек?“

Иако одговорот беше очигледен, Бака Прасе не пропушти да ја „зачини“ ситуацијата. Во следниот стори додаде коментар што привлече уште повеќе внимание: „Оно кога цел ден мирисам на Карлеуша,“ напиша тој покрај фотографија од теретана.

Јелена Карлеуша ќе гостува кај Бака Прасе на неговиот Јутјуб канал кон крајот на неделата, а токму тоа би можел да биде поводот за нивниот заеднички излез. Тој веќе најави дека подготвува нешто големо и спектакуларно, ветувајќи „лом“. Што точно ќе се случува? Останува да видиме.

@balkan_clippers BakaPrase & Karleusa. #bakaprase #jelenakarleusa #serbia #bosna #hrvatska #balkan #slovenia #foryouu #viraltiktok ♬ original sound – Balkan_clippers

Но, ова не е првпат двајцата да ја разгоруваат имагинацијата на своите следбеници. Летово, Бака испратил гласовна порака на Карлеуша, која исто така брзо се прошири по социјалните мрежи. Во пораката тој ја поканува да му гостува во едно од неговите емисии:

„Поздрав, Јелена! Овде Бака Прасе. Дали би сакале да дојдете како гостинка еден ден да поразговараме за животот и некои, знаете, сексуални искуства? Се разбира, се шегувам, но да ги покриеме животните теми и да се коцкаме малку заедно. Би ми било огромно задоволство. Поздрав, сите ве сакаме овде. Институцијата и јас.“

@balkanedi0 #foryou #trending #balkan #bakaprase #karleusa ♬ original sound – balkanedi0

На овој повик, според снимката која кружи на интернет, Јелена наводно одговорила на свој начин, а последната нејзина реченица го оставила Бака Прасе во транс.

Што точно ќе произлезе од оваа соработка и какви уште изненадувања подготвуваат за нивните фанови, останува да видиме во наредните денови.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Групата „Рибља Чорба“ реагираше на стопирањето на проекцијата на филмот за Бора

Откриено што ја предизвика катастрофалната поплава што ja збриша Јабланица