во

Јелена Карлеуша открива детали за својот „супермоќен“ нов дечко

Популарната пејачка и самопрогласена дива, Јелена Карлеуша, повторно ги привлече вниманието со искрени и провокативни изјави. Во неодамнешно интервју, таа откри каков треба да биде мажот кој ќе го освои нејзиното срце – и тоа не е лесна задача.

„Љубомора или љубов? Јас сум екстремна во сè“
Карлеуша признава дека е многу љубоморна во врските, дури и до точка каде што, на шега или не, на својот партнер му „претела со убиство.“
„Не би го нарекла тоа љубомора, туку болест. Екстремна сум во секој аспект. Јас толку многу сакам, што си давам право да претам. Дури и превентивно претам,“ откри таа со доза на хумор, додавајќи дека нејзината љубов е исто толку страсна колку и нејзината љубомора.

„Совршениот маж? Млад, згоден, богат… и уште нешто“
Јелена опиша дека нејзиниот идеален маж би бил млад, привлечен, мускулест, и „полн како брод.“
„На прв поглед, мојот тип е русокос со сини очи, но на крајот секогаш нешто друго е пресудно. Љубовта, сексот, и физичката хемија се најважни. Ако тоа не функционира, џабе му се парите или изгледот,“ изјави Карлеуша, откривајќи дека често ја привлекуваат и помлади мажи, бидејќи тие најчесто ѝ испраќаат пораки.

Со типична доза на самодоверба, пејачката додава дека нејзиниот стил и изглед ги инспирираат младите, но таа бара маж кој може да ги исполни нејзините високи стандарди, како во животот, така и во љубовта.

Фановите остануваат љубопитни – дали наскоро ќе го запознаеме мистериозниот „супермоќен“ дечко на Карлеуша?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наташа Беквалац со емотивна порака: „Те сакам, најдобра мајко!“

ФИФА ги потврди домаќините за Светските првенства 2030 и 2034