во ,

Јован Костадинов – херојот од Кочани: Сам спаси 21 лице од огнената стихија во дискотеката

Во просториите на платформата SupportKocani, формирана од волонтери за помош на настраданите од пожарот, видно потресениот Јован Костадинов ја сподели својата драматична исповед за случувањата во кобната ноќ. Неговата храброст и брза реакција во клучните моменти кога секоја секунда беше важна, ја враќаат вербата во човечноста.

„Одвнатре се слушаше само писок од жени. Јас зедов една маса и го скршив прозорецот, па со цревото прскавме вода внатре. Тие пискаа, а ние ги прскавме со вода две до три минути. Потоа јас го зедов цревото, се измокрив, а другите продолжија да прскаат. Се обидов да влезам на главниот влез, но таму беше премногу заглавено и немаше начин да се помине“, раскажува Јован.

Тој успеал да влезе преку прозорецот кај билетарницата. Во таа соба имало четири или пет лица. Вратата била блокирана од натрупани луѓе. „Ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме еден по еден. Оние што беа најгоре пискаа и беа изгорени. Имаше и онесвестени уште на самиот почеток“, се присетува Јован на ужасните сцени.

Според него, додека луѓето биле свесни, спасувањето одело побрзо – тие што ги извлекувал сами излегувале надвор од дискотеката. Но, потоа почнале да извлекуваат само онесвестени и целосно изгорени луѓе, кои тој морал да ги изнесе на безбедно пред дискотеката.

Собата била преполна со густ чад. По неколкукратното влегување и излегување од објектот за да спаси што повеќе луѓе, Јован почнал да се чувствува лошо. „Почна да ми се врти, да ми се повраќа од сето тоа што го видов, од плачењето, пискањето и изгорените тела. Излегов надвор, зедов воздух и ми олесна, но паднав на колена. Многу ми се слоши, но за среќа имаше некој до мене кој ме изми со вода“, продолжува тој со својата потресна исповед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

Јован им помагал и на повредените пред дискотеката, меѓу кои и на онесвестена девојка која си го проголтала јазикот. „Имаше многу девојки кои лежеа, а една лежеше на страна и се тресеше. Некој праша кој знае да помогне бидејќи си го голтнала јазикот. Се обидов да ѝ помогнам, го фатив јазикот и го повлеков, но не знаев како правилно да го направам тоа бидејќи досега не сум имал такво искуство. Набрзо дојдоа докторки и ѝ помогнаа, ја измија“, раскажува Јован за уште еден момент на помош.

Потоа и самиот Јован бил пренесен во болница. „Таму во болницата беше хаос“, завршува тој со својата приказна.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ШОКАНТЕН ПРЕДЛОГ НА ПУТИН: Ја спомена Југославија во планот за Украина!

ШОК ВО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: Пејач од Македонија демонстративно го напушти шоуто поради жирито! (ВИДЕО)