во ,

Јордан Митев со емотивна песна за својата ќеркичка: Ќе ве допре до срце

Популарниот фолк пејач Јордан Митев, кој пред една година стана татко, ги израдува своите фанови со нова песна, посветена на својата ќеркичка Кристина. Песната, која ја носи насловот „Ќерка“, е емотивен подарок за првиот роденден и светото крштевање на неговата наследничка.

Јордан и неговата сопруга Славица веќе години уживаат во складен брак, а по раѓањето на Кристина нивниот живот доби нова смисла. Поврзаноста што ја чувствува со својата ќерка го инспирираше пејачот да создаде песна полна со нежност и емоции, која со сигурност ќе стане хит и ќе допре многу родители кои имаат ќерки.

„Твојте очи како ѕвезди на небо, твојот насмев како сонце утринско“ – пее Јордан, опишувајќи ја својата љубов и радост што ја чувствува кон својата ќерка. Песната беше најавена во едно негово интервју, каде што изјави дека работел на оваа песна за време на есенскиот период, и ја опиша како една од најзначајните во неговата кариера.

Со оваа песна, Јордан Митев уште еднаш докажа дека е татко за пример и пејач кој умеe да ги пренесе најискрените чувства во својата музика.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Обичаи за Света Петка: Што треба да избегнуваат жените на овој ден

Теа Трајковска во нов имиџ како Хурем Султан – изгледа неверојатно!