во

Југоносталгија низ бројки: Колку граѓани го сметаат распадот на Југославија за грешка?

Распадот на Југославија останува контроверзна тема децении подоцна, а ставовите за тоа се значително различни во државите што произлегоа од заедничката република. Според анкетата на веб-страницата „World of Statistics“, повеќето граѓани во некои од поранешните југословенски држави сметаат дека распадот на Југославија бил грешка.

Највисок процент на југоносталгија е забележан во Србија, каде дури 81% од испитаниците веруваат дека распадот не требаше да се случи. Во Босна и Херцеговина, 77% од граѓаните изразиле сличен став. Црна Гора, со 65%, е следна на листата, додека во Македонија 61% од населението смета дека распадот на Југославија е погрешен потег.

Меѓутоа, во државите како Словенија и Хрватска, ставовите се поразлични. Во Словенија, 45% од граѓаните се југоносталгични, додека во Хрватска тој број е значително помал – само 23%. На Косово, распадот на Југославија речиси и не се смета за грешка; само 10% од граѓаните изразиле жалење за него.

Овие бројки ја отсликуваат различната перцепција во регионот, покажувајќи дека распадот на Југославија е комплексно прашање, со длабоки историски и културни разлики меѓу поранешните републики.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Митровденска задушница: Ден за помен и молитва за починатите

Зависноста од интернет предизвикува промени во мозокот на младите