Фолк пејачот Љуба Аличиќ повторно се најде во центарот на вниманието поради своите остри критики кон помладите колеги на музичката сцена. Овој пат, на мета му се најдоа младите пејачки Барбара Бобак и Теа Таировиќ, за кои отворено изрази незадоволство поради нивните барања за високи хонорари за настапи, иако, како што вели, тие немаат ниту еден вистински хит.
Аличиќ, кој е познат по својата директност и без влакна на јазикот, го изрази своето незадоволство од тоа како новата генерација пејачи се однесува кон музиката и кон нивната кариера. Според него, еден од најголемите проблеми е тоа што тие поставуваат превисоки цени за настапи, без да имаат сериозни музички остварувања зад себе.
„Не ми ги спомнувај, молам те! Слушам дека Барбара бара седум-осум илјади евра за настап. Па, што таа има направено за да бара толку? Кој хит го има снимено? Што ќе остане по неа? Ништо, ќе исчезне како магла,“ изјави жестоко Аличиќ, додавајќи дека и покрај тоа што нема ништо лично против младите пејачки, тие немаат причина да бидат толку арогантни.
Тој откри и дека ѝ понудил песна на Барбара, која според него имала голем потенцијал да стане хит, но таа ја одбила.
„Барбара ја одби песната што ѝ ја понудив, а таа песна можеше да ѝ биде вистински хит. Не зборувам затоа што е моја песна, туку затоа што знам дека ќе ѝ помогнеше. А каде ти е сега хитот, Барбара? Еве, јас не знам ниту една нејзина песна која може да се нарече хит. Немам ништо против неа, но ако сакаш да бидеш голем пејач, треба да оставиш нешто зад себе. Кога ќе ја слушнам Барбара, сакам да знам која песна ја пее, а не само дека е позната по нешто друго,“ продолжи тој.
Ова не е првпат Љуба да ја критикува новата генерација пејачи, но интересно е дека тој има пофалби за неколку од нив. Во претходни интервјуа, Аличиќ го пофали Дарко Лазиќ како еден од ретките млади пејачи што сериозно ја сфаќа својата кариера и навистина има добри песни.
„Можам да го издвојам Дарко Лазиќ. Тој е млад, но има сериозни песни и добро пее. Добар е како дечко, а јас немам проблем да пофалам некого кога е добар. Не сум љубоморен или суетен, и ако некој има талент, тоа треба да се признае,“ изјави Аличиќ, порачувајќи дека младите пејачи треба повеќе да се фокусираат на квалитетот на својата музика, отколку на славата и хонорарите.
Љуба Аличиќ е познат по тоа што отворено го изразува своето мислење и не се плаши да ја критикува фолк сцената, особено кога станува збор за младите пејачи кои, според него, премногу брзо бараат високи хонорари без да имаат доволно музички заслуги зад себе.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден