во ,

Љубовта му беше вечна, ама траеше кратко: Џејсон Момоа ја замени Лиза Бонет со 12 години помлада убавица и прошета на црвениот тепих со новата љубов!

Џејсон Момоа, некогашниот „крал на верноста“, сега чекори низ светлата на Њујорк со својата нова партнерка, актерката Адрија Арјона, која е 12 години помлада од него. Двојката за првпат јавно се појави на гламурозната прослава на 50-годишнината на „Saturday Night Live“ и предизвика бура од реакции.

Во елегантен црн фустан со впечатливи потпетици, Адрија изгледаше блескаво, додека Момоа, во свој стил, одбра лежерен аутфит со фармерки, кожна јакна и класична црна маица.

Оваа нова романса доаѓа по неговиот развод со Лиза Бонет, со која беше во брак од 2017 до 2024 година и со која има две деца. Иако некогаш тврдеше дека Бонет е неговата „детска љубов“ и дека ќе остари покрај неа, животот очигледно му подготви поинаков сценарии.

Од друга страна, и Адрија има свој љубовен багаж – во 2019 година се омажи за адвокатот Едгардо Каналес, но не е јасно кога се разделиле.

Момоа ја потврди врската со Арјона уште минатата година, кога на Инстаграм сподели фотографии од нивната авантура во Јапонија, опишувајќи ја како „незаборавно патување со неговата љубов“.

Љубовни завети, големи зборови и верност засекогаш? Очигледно, Холивуд игра по свои правила.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НАЈСКАПИОТ ПОДАРОК што Тито некогаш го добил: Ќе се ЗАПРЕПАСТИТЕ кога ќе видите за што станува збор, а еве каде се наоѓа денес!

Преговори во Ријад што можат да го сменат текот на историјата: Русија и САД за првпат на иста маса, Зеленски категорично одбива договор без Украина