Сопругата: „Љубов, те молам поправи ја чешмата во тоалетот, тече од сите страни!“
(Тој доаѓа и застанува покрај чешмата)
Сопругот: „Дај ми ја клештата“
(Жената излегува од тоалетот по алатот)
Сопругата: „Дали е ова?“
Сопругот: „Не бре, тоа се папагалките!“
Сопругата: „Ова?“
Сопругот: „Ај, може и тоа. Дај ми ги цигарите.“
Сопругата: „Одма.“
Сопругот: „По пат, изгаси го осигурувачот, не сакам да има струја во тоалетот додека работам.“
(Жената зема столица и се качува да го изгаси осигурувачот)
Сопругот: „Да не знаеш каде е конопот?“
(Жената повторно кон алатот)
Сопругата: „Дали е ова доволно?“
Сопругот: „Ајде, да се надеваме, најди ми гумички.“
Сопругата: „Какви гумички:“
Сопругот: „Аман бре, сè ли морам сам. Оние со дупка на средина.“
Сопругата: „Аха, ок. Одма.“
(По алатот и повторно се враќа во тоалетот)
Сопругата: „Овие?“
Сопругот: „Ајде, може ќе фатат.“
Водата почнува да прска на сите страни.
Сопругот: „Па ти не си нормалана, исклучи го вентилот за вода!“
Сопругата: „Каде е?“
Сопругот: „Во подрумот, нормално.“
Сопругата: „А, со што да го исклучам?“
Сопругот: „Со клешти нормално, како и останатиот нормален свет.“
(Таа трча три ката надолу и се враќа задишана)
Сопругата: „Сега во ред е?“
Сопругот: „Да се надеваме. Готово. Ова и дете може да го поправи.“
Жената влегува во тоалетот да ја собере целата вода, ги брише дамките од мастило на плочките, ја брише пепелта од машината за перење на облека и тажно го гледа изгорениот дел од цигарата која стоела така.
Сопругот: „Мораме да купиме ново лавабо, ми падна клештата и пукна.“
Сопругата: „Во ред, љубов.“
Сопругот: „Еј, ај биди добра и направи ми кафе, „цркнав“… и не заборавај да го одвртиш вентилот во подрум…“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден