На вчерашен ден, во 2016 година, светот ја загуби Љупка Димитровска, една од најсаканите пејачки на југословенската музичка сцена. Љупка не беше само позната во Југославија – нејзините хитови се слушаа со задоволство и во Чешка, Грција, Германија, па дури и во Франција, земјата на шансони.
Со својата карактеристична риѓа коса и препознатливиот стил, таа во 60-тите години се преселила од родното Скопје во Загреб, одлука што ѝ овозможила да ја изгради својата кариера и да стане икона на шлагерите. Првиот албум „Љупка“ го издаде во 1975 година, а зенитот на нејзината кариера беше во 70-тите и 80-тите години. Токму тогаш го доби и прекарот „вечната девојка“.
Голем дел од нејзините најголеми хитови беа создадени од нејзиниот сопруг, познатиот композитор Никица Калоѓера, кој ѝ беше животен партнер од 1968 година. Нивната љубов беше инспирација за многу песни кои и денес се слушаат, како „Та твоја барка мала“, „Јас го сакам, а тој мене не ме сака“, „Нема повеќе љубов“ и други. Но, еден од нејзините најголеми хитови беше „Чибу-Чиба“, песна што во 1970 година стана хит во 23 европски земји и беше преведена на исто толку јазици.
Љупка често настапуваше заедно со Ивица Шерфези, уште едно големо име на забавната музика, а беше и дел од Југовизија со песната „Bay, bay“, каде освои шесто место.
Но, и покрај целата слава, Љупка никогаш не се пронајде во медиумската изложеност. Избегнуваше јавни настапи и остануваше подалеку од светлата на рефлекторите, чувајќи го приватниот живот за себе. Дури и со колегите од музичката сцена, одржуваше дистанца, иако тие зборуваа за неа со најголема почит.
Во 2006 година, нејзиниот живот претрпе прв голем удар – ја загуби љубовта на својот живот, сопругот Никица. Тоа беше загуба од која никогаш не успеа целосно да се опорави. Но, трагедијата продолжи. Во период од само два месеца по смртта на Никица, таа ги загуби и мајка ѝ и сестра ѝ. Иако нејзините најблиски знаеја колку длабоко ја чувствува оваа болка, Љупка ја криеше својата тешкотија зад насмевка.
Љупка Димитровска почина на 3 октомври 2016 година во Загреб, по долго боледување. Таа замина тивко, оставајќи зад себе музичко наследство што и денес предизвикува емоции кај оние кои се сеќаваат на нејзините мелодии.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден