Ќерката на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ, Александра, ретко се појавува на социјалните мрежи, но кога го прави тоа, најчесто е за важни моменти.
Рано утрово, околу 4 часот, Александра објави видео со нејзиниот миленик, проследено со песната “Lost Again” од пејачката Kings Eliot. Во видеото, додека го гали својот миленик, таа особено ги истакна стиховите:
„Ќе ги затворам очите, бидејќи светот пропаѓа. Знаеш дека би умрела, би го оставила овој живот за да најдам нов, каде постои универзум, само една реалност во која сум доволна сама на себе.“
Оваа ретка објава привлече внимание и предизвика многу реакции кај нејзините следбеници.