во ,

Џамбазов се прости од Андреј од ДНК: Малкумина беа како тебе, посебни луѓе кои се жртвуваа за секого

„Не можам ниту да зборувам, ниту да пишувам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Андрејчук, малкумина има како тебе. Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе“, напиша Игор Џамбазов.

Реклама

Тој се прости од својот колега и пријател, Андреј Ѓорѓиески од ДНК. Андреј загина во пожарот во Кочани.

„Пријателе…

Немам зборови.

Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам.

Уште помалку да пеам.

Онемев.

Ослепев.

Оглувев.

Оглупавев.

Снеможев.

Андрејчук, малкумина има како тебе.

Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика.

И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку.

Сонувај спокојно“, напиша Џамбазов.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПОТРЕСНА СЦЕНА ГО КИНЕ И НАЈТВРДОТО СРЦЕ: Се копаат гробови за жртвите, кочанските гробишта се шират (ВИДЕО)

Србија за состојбата на повредените од Кочани: Тешки повреди, дел на респиратор