Еден од најдобрите голмани на сите времиња и долгогодишен капитен на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, во саботата стапи во брак со познатата новинарка Иларија Д’Амико. Луксузната церемонија се одржа во Вила Олива, импресивен имот од 19 век во италијанскиот град Лука, каде што присуствуваа бројни познати личности од светот на спортот и забавата.
Церемонијата беше интимна и елитна, но сепак полна со емоции. На венчавката беа присутни и нивните деца: Луис Томас и Дејвид Ли, синовите на Буфон од неговата претходна врска со Алена Шередова, како и Пјетро, синот на Иларија од нејзиниот поранешен партнер Роко Атисани. Тука беше и нивниот најмлад заеднички син, Леополд.
Congratulations to Gigi Buffon who married his long time partner, Ilaria D’Amico 🎉pic.twitter.com/3w1dNMMEyY
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) September 28, 2024
По церемонијата, гостите беа поканети на приватен ручек во семејниот имот на Буфон, Ла Романина, кој се наоѓа на плажата во Марина ди Маса. Таму, Буфон и Иларија редовно го поминуваат летниот одмор заедно со своите деца и блиските членови на семејството.
View this post on Instagram
Според италијанскиот весник „Ил Месагеро“, Буфон бил исклучително емотивен за време на венчавката. До олтарот тој пристигнал во придружба на своите два сина, додека Иларија дојде рака под рака со својот 14-годишен син Пјетро. Во еден трогателен момент, Буфон ѝ се обрати на Иларија со зборовите: „Благодарение на тебе, Иларија, ја запознав вистинската љубов. Не верував дека може да постои“.
Кума на невестата на оваа елегантна свадба беше славната актерка Моника Белучи, која пристигна заедно со својот партнер, познатиот режисер Тим Бартон. Покрај неа, на церемонијата беа присутни и двајца други сведоци – новинарките Анџела Педрини и Џорџија Кавацано, кои исто така ја имале честа да бидат дел од специјалниот ден.
View this post on Instagram
За потсетување, љубовната приказна на Буфон и Д’Амико започна во 2015 година, и покрај разликата од шест години во нивната возраст, тоа никогаш не претставувало пречка за нивната врска. Напротив, со текот на времето, нивната љубов стануваше сѐ посилна и подлабока, а сега ја крунисаа со оваа прекрасна свадба.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден