во ,

Џенифер Анистон во совршена форма на 55 години: Тајните на нејзината фит линија и исхрана

Актерката Џенифер Анистон повторно ги изненади обожавателите со нејзиното мускулесто тело на најновите фотографии од брендот Pvolve, каде што позираше во предизвикувачко боди. На 55 години и со 50 килограми, Џен изгледа неверојатно, а нејзиниот начин на живот и посветеноста кон здравјето се главни причини за нејзината одлична форма.

Според неа, тајната се крие во посебниот режим на исхрана и тренинг кој го следи – диетата 16.8, што подразбира периодично постење, и Pvolve методот на тренинг. Овој начин на вежбање со низок интензитет, кој го прави пет пати неделно, ѝ помогнал да го промени пристапот кон здравјето и да избегне исцрпувачки тренинзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pvolve (@pvolve)

Анистон е позната по тоа што избегнува претерани вежби, изјавувајќи дека претходно се чувствувала исцрпена поради ригорозните рутини. Нејзиниот тренинг денес е поразновиден и забавен, а често вежба со пријатели на песни од Лизо и Ријана, додавајќи дека музиката прави сè да биде полесно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pvolve (@pvolve)

Исхраната на Џенифер Анистон

Анистон применува исхрана богата со протеини и ниско ниво на јаглени хидрати и шеќер. Нејзиното утро започнува со топла вода со лимон, а по тоа следува шејк или оброк со авокадо и јајца, кои ги подготвува на разни начини. Таа, исто така, вметнува овесна каша со белки во нејзината диета.

Таа го практикува и периодичното постење (16.8), што значи дека 16 часа дневно не консумира цврста храна, а тврди дека забележала значителна разлика во својот изглед и енергија.

Иако е фокусирана на здрав начин на живот, Анистон не крие дека понекогаш си дозволува „слободни денови“ и ужива во коктели, како нејзиниот омилен мартини.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Павле Вуисиќ – сложен лик зад култниот актер: Од расправи до сценска магија

Возбудете ја атмосферата: Пет неочекувани ерогени зони за незаборавен оргазам