На хуманитарната гала на организацијата Baby2Baby во Лос Анџелес, Џесика Алба повторно привлече внимание со својот стил и шарм. Актерката и претприемачка, облечена во елегантна тоалета во праска нијанса со металик детали од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, блескаше покрај својот сопруг, Кеш Ворен, кој се појави во класичен црн костум. Накитот на Алба беше внимателно избран од колекцијата на Tiffany & Co., со што дополнително ја истакна нејзината отменост и сензибилитет.
Галата, која секоја година привлекува бројни познати личности, собира средства за да обезбеди основни потреби за семејства со ниски примања, како хигиенски производи и облека за деца до 12 години. Оваа година, на настанот се присуствуваа над 60 славни личности кои ја поддржаа оваа благородна мисија.