во ,

1 човек, 750 кучиња: Србин спасува кучиња во Ниш кои никој не ги сака, им дава засолниште и безусловна љубов

Саша Пешиќ спасува кучиња на улиците на Ниш кои никој не ги сака, давајќи им засолниште, храна, нега и безусловна љубов. Досега, тој има спасено повеќе од 1.200 бездомни кучиња, од кои повеќе од 400 се вдомени. Во моментов, во „Sasha’s Shelter“ има околу 750 кучиња.

Пешиќ го создал засолништето во 2008 година откако пронашол четири напуштени кученца на пат кон дома. Тој веднаш решил да им помогне, а тоа негово добро дело низ годините довело до уште стотици спасувачки мисии.

Заедно со уште шест други волонтери, Саша им помага на сите бездомни кучиња без исклучок. Тој им ги знае имињата на секое едно од нив, ги вакцинира, стерилизира и им поставува микрочип, потпирајќи се само на донации кои ги собира главно преку интернет од лица од целиот свет.

„Проблемот тука е во системот и во институциите кои би требало да се погрижат за ова. Другиот проблем е во неодговорноста на сопствениците кои не ги кастрираат нивните кучиња и ги оставаат надвор кога ќе престанат да ги сакаат. Причините се повеќе од ‘Имаме бебе и не можеме да се грижиме за кучето’ до ‘Не ми треба повеќе’“ – објаснува Саша.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30 Неверојатни трансформации: Добар стилист злато вреди

5 Најдобри филмски адаптации според романите на Стивен Кинг