Во реалноста, повеќето продавачи ќе се обидат да ви продадат нешто што не ви треба или ќе ви кажат дека некое парче облека ви стои одлично, дури и кога не е така.
Па многупати, разочарани, си одите од некој дуќан и си велите дека никогаш повеќе нема да се вратите таму.
Кои работи за продавачите се секојдневие, а купувачите ги мразат?
1. Зошто продавачките претпоставуваат дека секоја жена сака да изгледа како девојче?
Можеби е задоволна со изгледот што го има за возраста и не сака да личи на 16-годишна тинејџерка.
Понекогаш стереотипите знаат да бидат многу непријатни.
2. Тоа што некои купувачи бараат одреден производ, не значи дека и вам ви се допаѓа или ви одговара поради цената.
А упорното убедување на продавачите дека тој производ мора да го имате, ќе ве натера да излезете од продавницата без да го купите и тоа што ви треба.
3. Сите жени не носат чевли број 38.
Некои имаат поголеми стапала, но тоа не значи дека треба да бараат патики во машкиот оддел.
4. Луѓето кога одат во продавница обично имаат конкретен план што им треба и во колкава количина.
Па, ако побарате 1kg месо, очекувате да добиете 1kg, а не 1,6kg.
Зошто да давате повеќе пари за месо, а за сметка на тоа да не купите нешто друго, бидејќи имате ограничен буџет?
5. Некои продавачи, особено во деловите за бела техника или технологија, не се доволно запознати со карактеристиките на производот.
Па, наместо да купите тука машина, телевизор или лаптоп, сигурно ќе отидете на друго место каде што продавачот ќе знае да одговори на вашите прашања.
6. Иако продавачите не се тие што ја избираат облеката што се продава во дуќаните, можат да бидат љубезни кога им барате некое парче во поголем број.
Многупати се случило кога некоја жена бара XL или XXL, да добие одговор дека таму се продава облека само за слабички.
Ова, освен што е навредливо, ќе ве натера да ги натерате и вашите пријателки да не одат и да не купуваат таму.
7. Некои продавачи имаат задача да продаваат производи што се на промоција.
И иако знаеме дека тоа им е работа, понекогаш со нивната упорност и нападно однесување знаат да иритираат.
8. Чевлите од природна кожа се шират, но ако ви се тесни кога ги пробувате, можеби е подобро да побарате поголем број, отколку да се надевате дека ќе се случи чудо.
Но, има продавачи кои ќе се обидат да ве убедат да го земете „последниот пар“ иако ви е кнап, само за да ги продадат.
9. Многу жени се наоѓаат во непријатна ситуација и не знаат како да реагираат кога некоја промоторка или продавачка ќе им понуди крема против брчки, против стареење, нешто за слабеење.
Што ако производот не го купувате за себе, туку за некој друг?
Или само разгледувате, а сте го зеле во рака бидејќи ви се допаднало пакувањето?
Понудата од продавачката не значи ни дека сте стара, ниту дебела…
10. Некои продавачки сметаат дека знаат подобро од купувачот што му треба.
Па, наместо да одговорат на нивните прашања, даваат предлози и коментари кои можеби купувачот не ги бара од нив.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден