во , ,

10 Интересни факти за Хасбула – Русинот со џуџест раст кој стана вирален хит на социјалните мрежи

Хасбула Могамедов или познат како Мини Хабиб е 19-годишен тиктокер, за кого се верува дека е еден од најбогатите ѕвезди на социјалната мрежа ТикТок. Се проценува дека неговото богатство е од 100.000 до 200.000 долари, а се прослави со неговите видеа со борби.

Тој во последните две години ги освои социјалните мрежи, па така на Инстаграм во моментов има 1,8 милиони следбеници.

Не се знае неговиот роденден, но Хасбула во 2020-та година го прослави своето полнолетство, иако никој не веруваше дека е толку возрасен.

Се претпоставува дека Хасбула страда од хипопитуитаризам, односно генетско нарушување што го запира растот во раната возраст и предизвикува џуџест раст, но тој самиот вели дека лекарите никогаш не биле во можност да му одредат точна дијагноза.

Според него единствениот проблем со којшто се соочува е заморот.

Хасбула е висок 106 cm, а тежи 16 килограми, а поради видеото во кое го имитираше славниот борец Хабиб Нурмагомедов го доби прекарот Мини Хабиб.

Во продолжение проследете неколку интересни факти за Хасбула:

Хасбула потекнува од Дагестан, Русија, но нема премногу информации за тоа кои се неговите родители. Сепак, тој во неколку наврати изјавил дека тие не ја поддржуваат неговата кариера на интернет и побарале од него да ги избрише профилите на социјалните мрежи.

Освен што има голем број следбеници што го охрабруваат, Хасбула често се соочува и со луѓе што јавно го изразуваат нивното незадоволство, го навредуваат и му се потсмеваат.

„Тие само се љубоморни. Јас станав славен веднаш, а тие година и половина собираат следбеници“ – вели тој.

Хасбула почнал првите видеа да ги објавува на ТикТок заради забава, но набрзо сфатил колку голем интерес предизвикува кај јавноста, па луѓето на улиците почнале да го препознаваат.

Често се коментира дека Хасбула е син на познатиот борец Хабиб Нурмагомедов, но тоа не е точно. Според информациите што се достапни на интернет, тие двајцата потекнуваат од истиот град, а се познаваат меѓу себе и често објавуваат заеднички фотографии.

Иако многумина сметаат дека Хасбула заработува доволно и нема потреба од образование, тој во интервју за руските медиуми тврди дека е мошне религиозен. Вели дека сака еден ден да стане теолог и поминува голем дел од своето време во проучување на Коранот.

Во мај минатата година Хасбула го предизвика пејачот Абду Розик кој има слична генетска состојба на борба. Сепак борбата не се одржа затоа што Руската спортска организација на луѓе со џуџест раст ја окарактеризира како неетичка.

Во една прилика Хасбула изјави дека еден ден би сакал да се ожени, но дека сè уште не ја нашол вистинската личност.

Хасбула беше вклучен во уште еден скандал минатото лето, кога неговиот профил на Инстаграм беше блокиран.

Првично, руските медиуми пишуваа дека Инстаграм му го блокирал профилот затоа што објавил непримерни содржини со закани кон една девојка, а тој потоа тврдеше дека самиот го избришал профилот.

Имено, според пишувањата, Хасбула јавно ѝ се заканувал на една девојка дека ќе ја убие затоа што таа без дозвола објавила видео со неговата сестра. Сепак, што точно се случило не се знае.

Профилот на Хасбула на Инстаграм во моментов е активен и го го следат 1.8 милиони следбеници, а тој редовно објавува видеа и фотографии од секојдневниот живот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пример како Балканец ја реновира својата тераса: Фотографија од една зграда која го насмеа регионот – „живее на работ“

11 Mажи кои бракот го доживуваат како вистински пекол