во ,

10 Мали знаци што покажуваат дека сте интелигентен човек

Делата се поважни од зборовите, па така луѓето ги проценуваме врз основа на она што ќе го направат, а не што кажуваат дека го направиле. Имајќи го тоа на ум, веб-страницата „Inc.com“ пишува за овие наизглед мали работи кои кажуваат доста за нашата интелигенција. А притоа не мораме да кажеме ниту еден единствен збор.

1. Доаѓате навреме

Ако доцните често и многу, искажувате непочитување. Со тоа што доаѓате на време покажувате грижа за другите, како и дека сте пресметале колку време ви е потребно за да дојдете до одредена локација. Го цените не само туѓото, туку и своето време.

2. Се облекувате соодветно

Облеката е многу повеќе од само облека. Не само што го покажувате својот статус и степен на свесност, туку и умеете да ја согледате важноста на одредена ситуација, како и правилата на облекување кои прилегаат на таа ситуација.

3. Се сеќавате на мали работи

„Вистинската тајна лежи во искрената заинтересираност за малите детали од секојдневниот живот“ – Вилијам Морис, англиски сликар, архитект, писател. И сосема е во право. Ако се сетите на малите нешта во врска со другите луѓе, веднаш ќе ги придобиете. Тома можат да бидат ситници, како што се – омилениот сок, какво кафе сакаат, што сакаат да облекуваат итн. Со тоа покажувате дека ги слушате и дека ви значат.

4. Што имате на ѕидовите

Кога некој ќе влезе во вашата канцеларија или дом, ѕидовите веднаш ќе му кажат кои сте. Како го уредувате просторот многу кажува за вас – што ве мотивира и интересира, што и кого цените. Избирајте ги работите кои одговараат на вашиот карактер.

5. Чевли

Облеката можеби го покажува вашиот вистински стил, но и вашата личност. Со чевлите пак, стилот е надополнува комплетно.

6. Запишувате

Некој може да запомни голема нарачка и порака без запишување, но тоа ретко се случува. Со тоа што запишуваме, не покажуваме слабост. Покажуваме дека сме одговорни кон она што треба да го запомниме или пренесеме.

7. Ги трошите парите мудро

Начинот на кој ги трошите парите јасно ги рефлектира вашите вредности како личности – на кого или на што трошите пари, кога и каде.

8. Во што го вложувате времето

Активностите кои ги избирате сами, кои не се нужни, најмоќен се индикатор за вашите приоритети како личности. Дали читате, вежбате, одмарате и работите на себе? Или само себеси си го одвлекувате вниманието од важни работи? Размислете за тоа.

9. Храната што ја јадете

Колку се грижите за себе преку храната која ја консумирате. Со тоа покажувате дисциплина и доследност. Вие сте тоа што јадете.

10. Кругот на пријатели

Вие сте одраз на на петте луѓе со кои најмногу поминувате време. Важно е да се дружите со вистинските луѓе, со оние кои ве охрабруваат и ве ценат.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еве како карикатуристите го одбележаа крајот на мандатот на Трамп

Град во Германија со капсули за спиење ги штити бездомниците во зима