во , ,

10 Неверојатни тетоважи со бои кои „оживуваат“ под ултравиолетова светлина

Џони Хол е тату-артист од Мелбурн кој се истакнува над неговите колеги благодарение на флуоресцентните тетоважи кои „оживуваат“ под таканаречената црна, односно УВА светлина.

Покрај „обичните“ тетоважи, Џони изработува и тетоважи со бои кои светат под таканаречена црна, односно УВА светлина.

Тетоважите што ги прави Џони оживуваат под ултравиолетовата светлина со неонски бои, најчесто со сина нијанса.

Џони потекнува од Лондон, но на 23-годишна возраст се преселил во Австралија каде што почнал да студира уметност. Во 2015 година станал тату-артист и важи за првиот артист кој има специјализирано во тетовирање со бои кои светат под УВА светлина.

На својот Инстаграм профил, Џони има објаснето која тајна се крие зад неговите тетоважи:

„Боите кои се реактивни на УВ светлина не се исти со боите кои светат во темно. Работите светат во темно поради фосфоресценција, а тоа не е безбедно за човечкото тело.

Од друга страна, флуоресценцијата е природна реакција на ултравиолетовата светлината. Може да се забележи кај минералите, тоникот за пиење и некои видови скорпии и жаби.

Во овој случај, црната светлина емитува вид ултравиолетови зраци (УВА), кои ги тераат атомите да ослободат флуоресцентна светлина“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пијан маж влегува во автобус и една жена веднаш му се пушта…

Трпано, ти омажи ли се?