Мајката не е секогаш во право
Иако имаат поголемо искуство, и тие се само обични луѓе, кои имаат свои недостатоци и понекогаш прават грешки, а осудувањата не секогаш им се паметни и реални, па добро е да се сфати дека порано или подоцна, некогаш и децата се разочаруваат во родителите.
Процесот на учење никогаш не застанува
Независно што можеби не сте го продолжиле вашето образование, сепак модерните технологии порано или подоцна ќе ве натераат да мора да научите некои работи и постојано да се усовршување во нови полиња и активности.
Ако не одите никаде, во иднина нема ни да добивате покани
Во светот на возрасните, никој не сака да брка никого, па ако постојано ги одбивате дружењата, порано или подоцна, ќе дојдете во ситуација кога сите ќе заборават на вас, бидејќи мислат дека и вие не сте заинтересирани за нив.
Не се врти светот околу вас
Добро е секогаш да бидете средени и да оставате впечаток на секој можен начин, но понекогаш не претерувајте и не летајте во облаци. Ако мислите дека сите ќе забележат кога сте си купиле нови обетки, имате нови нокти или мало дупче на панталоните – се лажете. Освен ако не направите драма, ретко кој забележува секаква ситница на вас.
Секогаш ќе има некој подобар, помлад и попаметен од вас
Време е да сфатите дека секогаш ќе има некој што е подобар од вас. Како поминуваат годините, некои работи од младоста веќе нема да бидат исти, нема секогаш да бидете совршени и мора да најдете други начини како да бидете во фокусот на партнерот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден