во , ,

10 Интересни факти за Нутелата

Нутела отсекогаш била со нас, и во добро и во лошо – не` тешеше кога имавме лоши денови на работа, кога се соочувавме со раскинувања и секако, ни ја смируваше „жедта“ за благо.

Но колку навистина знаеме за ова мало парче рај од лешник? Како што изгледа, приказната за Нутела е прилично неверојатна.

1. Наполеон и Втората светска војна се виновни за создавањето на Нутела

Ќе ве поштедиме од комплицираните историски детали, но доволно е да се каже дека благодарение на ембаргото кое Наполеон го донел во 1806 година, било речиси невозможно низ Италија да се најде шеќерно стапче или какао во тоа време. За да компензираат, започнале да се користат шеќерна репка и лешници и суво овошје во замена за чоколадото. Истата тактика била искористена во текот на Втората светска војна, кога имало недостиг од какао и шеќер, такашто луѓето започнале да користат меласа шеќерна репка, лешници, кокос и путер за да надоместат за недостатокот на познатите состојки и да создадат бонбони за оние кои не можеле да си дозволат да купат чоколадо поради неговата висока цена.

2. Нутелата не требало да се мачка

Најпрво, во 1945 година се појави „Giandujot“. Ова беше мал блок на полу тешко чоколадо со мешавина од лешник, кое се сечело и се јадело со леб. Но, летото 1949 година било доста жешко, такашто чоколадото се топело уште пред да стигне во домовите на купувачите. Токму тогаш Фереро браќата сфатиле дека чоколадото може да се продава и како крем и да се мачка на леб наместо да се сечат парчиња. На тој начин, Нутелата што ја познаваме денес, се „родила“ сосем случајно.

3. Името не и` било секогаш Нутела

Првото име на Нутела било „Supercrema“ и за прв пат излегло во 1949 година. Ова била првата кремаста верзија на „Giandujot“. Браќата Фереро на крај морале да го променат поради законот донесен во 1962 година кој забранувал брендовите да манипулираат со јавноста во врска со хранливата вредност на производот (Очигледно зборот „супер“ во името имплицирало дека има повеќе хранливи состојки). После неколку варијации на имиња, како на пример Nutsy, Nussly, Nutosa, Nutina, на крајот компанијата се одлучила за денешното име.

4. Креаторите на Нутела исто така ги измислиле и Тик Такс

Фереро, италијанската матична компанија позади Нутела, поминала години усовршувајќи ги своите чоколадни производи, а потоа неочекувано започнала да произведува ментол бомбони.

5. Познатите личности ја обожаваат Нутелата исто колку и ние

Лејди Гага, Пипа Мидлтон, Хајди Клум, Ина Гартен, Шакира, Рафаел Надал и Новак Џоковиќ се само некои од познатите личности кои јавно ја искажале љубовта кон Нутелата.

6. Првата официјална тегла била направена пред 51 година

Првата Нутела тегла била направена и продадена во Италија во април 1964 година.

7. Нутела е вториот најпопуларен бренд за храна на Фејсбук

Светот е опседнат со Нутела, а во 2014 година беше прогласен за најпопуларен бренд на храна веднаш позади Орео.

8. Американците и Италијанците годишно најмалку трошат Нутела

Всушност, Франција е земјата која јади најмногу тегли Нутела од било која друга земја во светот.

9. Се` се сведува на Мантека

Прво, што е мантека? Ова е „срцето на Нутела рецептот“, и се однесува на мешавината на меки супстанци или масти со кремастата смеса. Мантеката се постигнува откако лешниците се испечени.

10. Фереро пакува 1.212.000 тони слатки секоја година

Тоа е доволно за да се наполнат 27.000 камиони кои би можеле да се наредат на растојание три пати меѓу Скопје и Гевгелија или околу 450 километри.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

40+ Смешни и романтични илустрации во кои ќе се пронајдат многу вљубени