во ,

10 мистерии околу најпознатото дело на Леонардо да Винчи, Мона Лиза

7. Бремената Мона Лиза

Историчарите на уметност кои веруваат дека жената на сликата е Лиза дел Џакондо исто така веруваат дека била бремена додека Леонардо ја сликал. Нејзините раце кои се прекрстени врз стомакот наводно се доказ за бременост. Покрај тоа инфрацрвените скенирања покажале дека на сликата имало наметка која ја носеле само бремените жени. Иако некои веруваат дека наметката е само обичен шал, времето на бременоста на Лиза и сличната употреба на наметката од страна на Ботичели за портретот на Смералда Брандини укажуваат дека Мона Лиза можеби го крие трудничкото стомаче.

8. Зошто ни изгледа убава?

.Низ историјата портретот на Мона Лиза се гледал како пример за безвремена убавина. Изгледа дека оваа убавина е поради многу повеќе отколку мистериозната насмевка и нејзиниот поглед. Златниот сооднос наводно е најпријатната пропорција за човечкото око. Можете да го најдете во природата, како центарот на сончогледот, во столбовите на Партенон, а самиот Да Винчи го нарекувал „божествената пропорција“. Златниот сооднос е присутен и кај лицето на Мона Лиза, па можеби токму ова ја прави убава. Кој би знаел дека математиката може да ја објасни оваа привлечност?

9. Украдена слика

Во 1911-та година, Мона Лиза била украдена од Лувр од страна на вработен по име Винчензо Перуџија. Тој верувал дека сликата била украдена од Фиренца од Наполеон Бонапарта и сакал да ја врати во нејзиниот оригинален дом. Цели две години не се знаело каде се наоѓа и постоеле многу шпекулации за нејзината локација, како и за причините за крадењето. Во 1913-та година Перуџија стапил во контакт со дилер на уметнички дела, Алфредо Гери. Тој побарал пари, а за возврат рекол дека ќе ја врати Мона Лиза во Фиренца.

По враќањето на сликата, шпекулациите продолжиле. Тој побарал малку пари за да ја врати сликата, па јавноста почнала да се прашува дали кражбата можеби е за да се привлече внимание и интерес за сликата. Кога се открило дека Перуџија соработувал со Едуардо де Валфиерно, познат фалсификатор на уметнички дела, луѓето почнале да се сомневаат дека сликата била украдена за да се направат лажни копии коишто ќе им се продаваат на колекционерите.

10. Болната Мона Лиза

Доктор Мандип Р.. Мехра веројатно ја решил мистеријата за насмевката на Мона Лиза. Тој ја дијагностицирал со нарушување бидејќи забележал чудни работи кај нејзиниот изглед. Тој забележал мал оток на левото око, ретка коса, недостаток од веѓи и израсток кај левиот показалец. Заедно со жолтата кожа и отокот на вратот, тој заклучил дека Мона Лиза има зголемена тироидна жлезда и дека насмевката е поради мускулна слабост.

Дошол до заклучок дека таа страда од хипотироидизам и решил да истражува понатаму. Открил дека во раниот 16-ти век често се јадела храна без јод. Бидејќи јодот е клучна хранлива материја за правилно функционирање на тироидната жлезда, можеби конечно знаеме што значи насмевката.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Илустрации кои прикажуваат како би изгледале Барби и Кен ако беа Балканци

Знаеш ли ти Мујо кој бил Александар Велики?