во , , ,

10 Најлуди скали низ светот од кои ќе ви застане здивот

6. Спирала од 90 метри

Овие скалила водат до врвот на планината Тајханг. Оние кои сакаат да се искачат до врвот мораат да потпишат документ во кој изјавуваат дека се свесни за опасноста и дека се во совршено здравје. На луѓето над 60 години не им е дозволено да се качуваат бидејќи симнувањето е тешко а ветровите ја тресат целата конструкција.

7. Адамов врв

Ова е неверојатниот поглед што го чека секој што е во Шри Ланка и што ќе се осмели да го искачи Адамовиот врв. Качувањето е навистина безбедно и многумина се искачуваат и со нивните деца. Овде има многу аџии кои доаѓаат да го гледаат изгрејсонцето и да ја видат камената плоча со отпечаток од стапалото на Буда. Единствениот проблем е што мора да се качувате навечер бидејќи во текот на денот може да биде премногу жешко.

8. Само скали, ништо повеќе

Овие скали се наречени кулата Вулиберг и се наоѓаат во Белгија. На ова место имало дрвена платформа за набљудување, но откако била запалена од вандали била заменета со метална конструкција. Скалилата изгледаат како да водат кон небото.

9. Кралскиот пат за оние кои сакаат нешто екстремно

Планинскиот пат Ел Каминито дел Реј бил изграден во Шпанија на почетокот на 20-тиот век за транспорт на стока помеѓу 2 електрани на клисурата Ел Чоро. Патот го добил името поради присуството на кралот Алфонсо XIII на неговото отворање. Бидејќи градежниците ги користеле најевтините материјали, состојбата на патот брзо се влошила и го добил името „Смртоносна патека“. Во 2000-та година по трагичната смрт на неколку туристи, патот бил затворен. И покрај ова, авантуристите од целиот свет го посетуваат ова место. Дури и казната од 6.000 евра не ги спречила. Со текот на времето се одлучило патот да се реконструира и да се направи безбеден за туристите. Во 2015-та година повторно беше отворен за сите.

10. 3.500 скалила до вода

Бунарот со скали Чанд Баори се смета за најстариот и најдлабокиот во Индија и изгледа како превртена пирамида со длабочина од 30 метри. На дното има бунар со темна вода. Локалните жители веруваат дека бунарот е изграден од демони. Историчарите се пореалистични и сметаат дека овој резервоар бил направен за собирање вода од дожд. Исто така ги штител луѓето од високите температури бидејќи воздухот е неколку степени постуден на дното. Скалите се навистина стрмни и нема никакви држачи.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Неверојатни фотографии кои ги прикажуваат работите од сосема друга страна

Црногорец филозофира за животот во Шведска