во , ,

10 Најомразени видеа на “Јутјуб” за сите времиња

Кога размислуваме за рангирање на снимки на „Јутјуб“, обично прво ни паѓаат на памет бројот на прегледи и позитивните оцени. Но, што е со негативните оцени? Кoи се шампионите според бројот на собрани дислајкови? Погледнете ги.

10. Cortando o botao do YouTube – Aruan Felix (2,5 милиона дислајкови)

На дното на листата е триминутно видео во кое може да се види творецот на содржината како се обидува да открие разни начини за уништување на сребреното копче „плеј“, награда која ја добил од „Јутјуб“ откако го достигнал бројот од 100.000 претплатници. Видеото е објавено на 22 декември 2015 година и досега има повеќе од 22 милиони прегледи и 866 илјади лајкови.

9. Bibi H. – How It Is (Wap Bap) – Bibisbeautypalace (3 милиони дислајкови)

Во речиси 4 минути можете да слушнете и да видите сè и сешто. Ако можете да сфатите што се случува и зошто, секоја чест. Оваа снимка има речиси 59 милиони прегледи и 517 илјади лајкови.

8. Baby Shark Dance – Pinkfong! Kid’s Songs & Stories (3,3 милиони дислајкови)

Не ни е јасно зошто оваа снимка од јуни 2016 година има толку лоши оцени, но претпоставуваме дека барем за добар дел од нив се заслужни родителите на кои им е преку глава од оваа песна.

7. Friday – Rebecca Black (3,5 милиони дислајкови)

Иако е објавена во далечната 2011 година, оваа снимка и ден-денес цврсто стои меѓу десетте најлошо оценети видеа на „Јутјуб“. Поминувањето на времето во овој случај не помогнало – на луѓето сè уште не им се допаѓа долгиот и досаден запис претворен во песна.

6. Official Call of Duty: Infinite Warfare Reveal Trailer – Call of Duty (3,8 милиони дислајкови)

Ова не е единственото видео на оваа листа што тематски е поврзано со игра, но е единственото кое служеше како најава за нова игра. „Call of Duty: Infinite Warfare“ излезе во 2016 година. Интересно, иако собра огромен број негативни оцени, голем број понови коментари под видеото всушност се позитивни, а некои корисници на „Јутјуб“ изразија жалење што биле строги кон играта врз основа на најавното видео, кое собра речиси 43 милиони прегледи и тој број и понатаму се зголемува.

5. Despacito – Luis Fonsi featuring Daddy Yankee (4,1 милиони дислајкови)

Некое време не можевме да избегаме од оваа песна. Бројот на негативни оцени изгледа огромен, но не е толку лош во споредба со 34 милиони лајкови и повеќе од шест милијарди прегледи.

4. Can This Video Get 1 Million Dislikes? – PewDiePie (4,2 милиони дислајкови)

Пјудипај побара милион негативни оцени. Не само што ги доби, туку го почестија и со дополнителни 3,2 милиони. Ова и не е чудно кога знаеме дека овој јутјубер има повеќе од 98 милиони следбеници, меѓу кои има многумина подготвени на сè само за да му угодат. Од декември 2016 година оваа снимка има повеќе од 17 милиони прегледи.

3. It’s Everyday Bro – Jake Paul featuring Team 10 (4,4 милиони дислајкови)

Покрај тие 4,4 милиони дислајкови, оваа снимка собра и 2,8 милиона лајкови. Не ни текнува добра причина зошто некој би го лајкнал ова видео, ама ете..

2. Baby – Justin Bieber featuring Ludacris (10 милиони дислајкови)

Видеото е објавено во 2010 година и добро се држи. Досега има собрано повеќе од 2 милијарди прегледи, а интересно е што има милион повеќе лајкови отколку дислајкови.

1. YouTube Rewind 2018 – YouTube (16 милион дислајкови)

Искрено, не очекувавме дека на првото место на топ-листата со најнепопуларни ќе се најде токму видео на „Јутјуб“. Зошто точно ова видео собрало толку хејтови, веројатно никогаш нема да дознаеме, но има многу можни објаснувања: банално е, предолго и премногу нешта се случуваат…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Најсмешни Lego шеги на сите времиња

Знаете ли дека по автобус и по жена не се трча?