Антарктикот е опкружен со мраз и теории на заговор, нешто што не е необично за најоддалеченото и најмалку разбраното место на Земјата. Овде е невозможно да живеете без соодветна опрема и местото станало совршен кандидат за теории на заговор. Од вонземјани и чудни пирамиди, па сè до тајни воени бази, погледнете некои од најинтересните теории на заговор што кружат за Антарктикот.
1. Некои древни цивилизации изградиле пирамиди на Антарктикот
Во 2016-та година, целиот Интернет полуде кога на Антарктикот беа откриен пирамиди. Пирамидите се со височина од над 1.220 метри, односно 10 пати повисоки од Големата пирамида во Гиза. Ова беше навистина чудно, бидејќи досега не е пронајден никаков дока дека овде постоела некаква цивилизација. Покрај тоа, овие масивни зданија би барале многу ресурси и работна рака.
Сепак, ова не ги спречи љубителите на заговори да веруваат дека пирамидите се изградени од цивилизација која живеела на Антарктикот, пред 100.000 милиони години. Наводно, овој период Антарктикот бил екваторот, па условите за живеење биле подобри.
Научниците сметаат дека пирамидите се дело на природата. Градбите сигурно не се дело на древна цивилизацијата бидејќи пред 100 милиони години, Антарктикот бил Јужниот Пол. Исто така, првите човечки видови се појавиле пред околу 2 милиони години.
2. Нацистите имаат тајна база на Антарктикот
Оваа теорија се прославила откако некои луѓе откриле дека нацистите организирале експедиција до Антарктикот во 1938-ма година. Наводно, додека биле таму, тие откриле неколку подземни пештери и реки, а најголемата пештера ја претвориле во таен град каде што живееле со Илуминатите. Некои луѓе тврдат дека Хитлер избегал во оваа тајна база, откако ја изгубил војната. Верниците исто така тврдат дека нацистите некако нашле вонзејманска технологија што ја искористиле за нивни оружја.
Во реалноста, нацистите немаат тајна база на Антарктикот. Не постојат докази дека правеле оружје со вонзејманска технологија, ниту пак дека го тестирале. Тие испратиле само еден брод во регионот во 1938-ма година за да најдат нови ловишта за китови. Експедицијата била напуштена по крајот на Втората светска војна.
3. Атлантида се наоѓа под Антарктикот
Некои луѓе тврдат дека познатата Атлантида се наоѓа токму овде. Оваа идеја се појавила во 1950-тите, откако историчарот професор Чарлс Хапгуд предложил дека Антарктикот е дом на некоја неоткриена древна цивилизација. Верувањето на Чарлс е засновано на теоријата дека Антарктикот не бил под мраз пред 11.600 години. Некои луѓе го прифатиле ова како вистина, и додале дека најверојатно станува збор за изгубената Атлантида.
4. Правоаголните ледени брегови биле изградени од вонземјани
Научниците го открија постоењето на чудни, речиси совршени правоаголни ледени брегови на Антарктикот. Најчесто тие се огромни и понекогаш видливи од вселената. Овие ледени брегови повеќе изгледаат како да се направени од човек наместо од природата, но сепак, тие се природни и настануваат кога дел од ледениот брег ќе се открши.
Според некои луѓе, овие ледени брегови се направени или од луѓе, или од вонземјани. Некои веруваат дека станува збор и за владини установи. Наводно, овие форми се многу ретки во природата, но научниците истакнале дека не сите рабови на ледените брегови се совршени.
5. На Антарктикот се срушил НЛО
Постојат луѓе кои се познати како „ловци на вонземјани“ и тие тврдат дека нашле докази за срушен НЛО на Антарктикот. Тие дошле до овој заклучок откако анализирале сомнителна трага што ја нашле на Google Earth. Трагата започнува од место кое наликува на срушен планински врв, па наводно, леталото удрило во врвот пред да се сруши. Геолозите не се согласуваат и тврдат дека трагата е од лавина.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден