6. Кратер на Антарктикот е влез кон внатрешноста на Земјата
Во јануари 2019-та година, научниците од НАСА и Германскиот вселенски центар откриле кратер под мразот на Антарктикот. Иако за кратерот се зборуваше дури неодамна, прв пат бил откриен од сателитски фотографии во 2006-та година. Научниците веруваат дека настанал од астероидите кои ја удриле Земјата пред милиони години и ги уништиле диносаурусите.
Но верниците во теории на заговор не се согласуваат. Тие сметаат дека кратерот е дел од тајната воена база на нацистите. Други веруваат дека кратерот бил откриен за време на мисија на маринците на САД, кои имале за цел да го најдат влезот во Земјата.
7. Гугл знае нешто за Антарктикот што ние не го знаеме
Во март, 2018-та година, на канал за теории на заговор на Јутјуб се појави видео со тврдење дека Гугл крие некои тајни за Антарктикот од нас. Наводно, вработен во Гугл се обидува да ни го открие вистинскиот заговор зад ова. Сопственикот на каналот изјавил дека секогаш кога разгледува локација над Антарктикот на Google Earth, се појавувал црвен икс, но само кога ја активирал опцијата за временски услови. Тој верува дека причината за ова е тоа што вработен во Гугл сакал да ни покаже што се крие таму. Според видеото, овде најверојатно имало некое тајно богатство, вонзејманска база, а можеби е и само грешка од Гугл.
8. Два кратери се влез за тајна НЛО база
Покрај брегот на Антарктикот има два длабоки кратери кои изгледаат како да се ископани од некој. Некои луѓе веднаш изјавиле дека тоа се влезови за тајни владини установи или нешто слично. Наводно, на оригиналната фотографија од кратерите се гледало НЛО, кое сега било избришано.
9. Антарктикот не постои
Постои чудна теорија на заговор според која целиот Антарктик и Јужниот Пол не постојат. Ова верување е најчесто кај луѓето кои веруваат во рамна Земја. Тие сметаат дека Северниот Пол е центарот на светот, додека Јужниот ја обиколува Земјата.
Според овие луѓе, Антарктикот е всушност дебел ѕид со висина од 30 до 60 метри што ја опкружува планетата. Тие тврдат дека не можеме да го докажеме ова, бидејќи светските власти и Обединетите Нации имаат стриктни забранети зони за надлетување и пловење околу Антарктикот.
Луѓето кои веруваат во оваа теорија сметаат дека британскиот капетан Кук е еден од првите кои го виделе ѕидот, покрај владините агенти. Наводно, тој изјавил дека виделе голем ѕид за време на 3-те негови патувања до Антарктикот.
10. Нацистите криеле НЛО на Антарктикот
Уште една теорија на заговор во која учествуваат нацистите тврди дека тие криеле НЛО на Антарктикот. Оваа теорија е поврзана и со пирамидите што ги споменавме претходно. Верниците се убедени дека нацистите управувале НЛО за време на Втората светска војна и дека британските сили неуспешно се обиделе да ја уништат базата. Наводно, успеале да ја уништат со атомска бомба, а во меѓувреме нацистите уништиле авион на САД за време на операцијата.
Проблемот со оваа теорија е што нацистите никогаш немале интерес за Антарктикот, а таканаречената операција за нивно отстранување од тајната НЛО база била всушност воен тренинг за симулација на инвазијата на студениот Советски Сојуз. Во тренингот учествувале 13 бодови, 33 авиони и 4.700 војници. Покрај тоа, атомската бомба беше детонирана 2.400 километри подалеку.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден