Следете ги следниве упатства за полесно да ги забележите неговите знаци и ќе сфатите каде се крие клучот од вратата на богатството.
1. Изгубено-пронајдено
Ако безуспешно со денови наназад во домот баравте некој предмет што ви треба, а потоа тоа мистериозно одеднаш се појави, тоа е знак дека следуваат позитивни промени. Доколку препознаете дека е поврзано со пари, на пример паричник, стара картичка или накит тоа значи дека вашите приходи наскоро ќе се зголемат.
2. Разговори за финансиско богатство
Ако постојано во медиумите слушате или читате информации за профит или со пријателите разговарате за добра финансиска ситуација тоа значи дека парите се во близина. Универзумот на овој начин ви порачува дека наскоро ќе биде плодно и полето на вашите финансии.
3. Разговори за позитивни промени
Најчесто зголемувањето на приходите е поврзано со пронаоѓање нова работа или унапредување. Доколку постојано барате огласи за работа или ви е доверен некој важен проект, можно е реката од богатство да тргне во насока на вашата судбина. Не ги игнорирајте симболите! На пример, ако некој одеднаш ви понуди нова позиција, можеби тоа е вашата шанса за почеток на посигурен живот.
4. Магијата на левата дланка
Според народното верување, кога ве чеша левата дланка, тогаш универзумот најавува доаѓање на пари. Се верува дека колку подолго ве чеша толку поголем профит ве очекува. За магијата да биде посилна, се практикува триење на дланката со паричник, пари или кредитна картичка.
5. Среќни пари
Ако постојано наоѓате монети по џебовите, во чантата, домот или на улица тоа значи дека вас ве очекува зголемување на профитот. Советуваме да не ги фрлате пронајдените пари туку да ги собирате во тегла (каса) и тие ќе претставуваат симбол кој ќе привлече богатство во вашиот дом. Според едно верување, не треба да се земаат пари од улица коишто се свртени наопаку туку само оние коишто се свртени така што се гледа главната страна на парата односно главата.
6. Пеперутка и изобилие
Се верува дека ќе привлечете изобилие ако во вашиот дом случајно слета пеперутка. Таа е симбол на емоции, но нејзиното неочекувано доаѓање во домот може да значи дека ви следува прилив на пари.
7. Кога цвеќето ќе процвета – парите се блиску
Ако во домот имате цвеќе и ако на билките се развијат пупки, се верува дека тоа е знак дека ќе се збогатите. Билките што привлекуваат пари се драцена и красула.
8. Мачка и енергијата на парите
Ако на улица често гледате мачки коишто имаат крзно во три бои, тоа е знак дека сте поблиску до успехот и финансискиот просперитет. Посебна среќа и добивка ве очекува ако ваква мачка да седи на вашиот праг.
9. Делете секогаш и ќе добиете повеќе
Се верува дека секогаш треба да им се помага на луѓето што се во неповолна парична ситуација. Постои стара изрека која гласи вака: „Ако давате, ќе добиете повеќе!“ Не бидете роб на парите туку користете го на вистински работи и секогаш бидете хумани за добрите енергетски вибрации да се враќаат во вашиот дом.
10. Не се жалете
Ако стално зборувате негативно за финансиите и постојано се плашите поради неизвесната иднина, на универзумот му праќате лоши вибрации. Секој ден изговарајте – Јас заслужувам изобилие! Ќе видите како текот на животот ќе почне да се менува на подобро.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден