во , , ,

10 слики на кои е тешко да познаете која е мајката, а која е ќерката

Сосема е нормално родителите да се грижат повеќе за децата отколку за самите нив. Тие не ни забележуваат дека косата им станува седа, дека брчките почнуваат да им го китат лицето, дека сè повеќе се здебелуваат…

Но, некои мајки успеваат да докажат дека е возможно да бидат во топ форма на секоја возраст. Всушност, тие изгледаат исто толку добро како своите ќерки и со тоа им поставуваат одличен пример. Погледнете.

1. Ана Нистром и нејзината мајка

Ана е популарна блогерка од Шведска. Таа има 26 години и работи како личен фитнес тренер. Нејзината мајка е во своите 40-ти, но изгледа како да ѝ е сестра на Ана!

2. Амбер Ле Бон и нејзината мајка, Јасмин

Амбер е позната манекенка од Англија, и најстарата од трите ќерки. Нејзиниот татко, Симон, е фронтмен на Дуран Дуран, а нејзината мајка е познатата манекенка Јасмин. Амбер годинава ќе наполни 29 години, а нејзината мајка – 54!

3. Ана Диното и нејзината мајка, Маја Илана

На оваа фотографија Ана има 14 години, а мајка ѝ, иако има над 30 години, изгледа како нејзина постара сестра.

4. Соња и Вера Брежневи

Соња е ќерката на популарната руска пејачка и актерка Вера Брежнева. Ние знаеме дека Соња неодамна наполни 17 години, а нејзината мајка има 36. Но, на овие фотографии тие изгледаат како две најдобри пријателки што немаат повеќе од 25 години.

5. Ејва Филипе и нејзината мајка, Рис Витерспун

Ејва е 18-годишната ќерка на холивудската ѕвезда Рис Витерспун што во овој момент има 42 години. Погледнете ги само колку идентично изгледаат.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Воспитачке, чизмите се наопаку облечени…

10 најдобри градови за живеење во 2019