Од предизвици како Harlem Shake и Ice Bucket Challenge, па сè до играта Flappy Bird и ужасните патики со висока потпетица, минатата деценија навистина видовме сè и сешто.
Некои трендови беа навистина добри. На пример, предизвикот Ice Bucket Challenge ни помогна да сфатиме со што се соочуваат луѓето кои страдаат од амиотрофична латерална склероза. Но некои трендови беа бизарни, па дури и опасни, како кога децата почнаа да јадат детергент за алишта.
Па, погледнете какви сè трендови беа популарни измината деценија:
Патики со висока потпетица

Crocs влечки – Таканаречените „најгрди“ обувки во светот

The Mannequin Challenge – еден од поинтересните предизвици што ги видовме минатата деценија
Harlem Shake – уште еден предизвик кој беше хит долго време
Непрактичните очила „ролетни“

Flappy Bird – игра за оние со челични нерви

Апликацијата Vine преку која беа објавени некои од најсмешните видеа што ги видовме изминатава деценија, а кои се популарни на YouTube и до денес

Ice Bucket Challenge – предизвикот кој ја подигна свеста за луѓето кои страдаат од амиотрофична латерална склероза
Фотографијата што го збуни целиот свет: Каква боја има фустанот?

Tide Pod Challenge – глупавиот интернет предизвик каде што децата почнаа да „јадат“ детергент за алишта и многу од нив завршија во болница – НИКАКО НЕ ГО ПРАВЕТЕ ОВА!
