во , ,

10 застрашувачки сериски убијци од Централна Европа

Изгледа постои нешто посебно во Централна Европа која воглавно ја сочинуваат Германија, Австрија, Унгарија, Полска, Швајцарија, Чешка, Словенија и Словачка. Оваа листа не се фокусира на историјата и политиката, туку на познатите сериски убијци кои ги плашеле Европејците од 19-иот век.

1. Виенскиот убиец на жени

Хуго Шенк бил роден во Австриската Империја на 11-ти февруари 1849-та година. Покрај вообичаеното крадење, Хуго ги мамел жените да му даваат пари. Живеел во Виена и им кажувал на жените дека бил полски аристократ по име Винополски. Хуго и неговиот партнер, Карл Шлосарек, ги мамеле жените да започнат врска, па дури и брак со нив, за потоа да ги силуваат и да ги убијат.

Откако ги убивале жртвите, тие заврзувале камења на нивните тела и ги фрлале во Дунав. Причината што убиствата биле очигледни е тоа што Хуго ги крадел сите пари на жртвите. Кога конечно бил фатен, виенската полиција открила дека тој комуницирал преку писма со најмалку 50 потенцијални жртви. Бил обесен во 1884-та година, а неговиот череп се наоѓа во Криминалистичкиот музеј во Виена.

2. Чудовиштето од Мартфу

Подоцна познат и како „Чудовиштето од Мартфу“, Питер Ковач убил 5 жени во период од 10 години. Неговата прва жртва бил пронајдена од полицијата на 22-ри јули, 1957-ма година. Убиецот направил пауза до 1963-та година, кога почнал повторно да убива жени во малото село Мартфу. Питер бил вообичаен убиец од страст кој ги демнел неговите жртви откако бил сексуално возбуден од нив. На 1-ви декември 1968-ма година тој бил обесен. Неговото фаќање не само што го ослободило Јанос Кирјак кој лежел 11 години за убиство што не го направил, туку ја нагласил и слабоста на Унгарската комунистичка партија која одбивала да признае дека сериските убијци постоеле во социјалистичките држави.

3. Волкер Екерт

Волкер бил роден на 1-ви јули 1959-та година во комунистичка Источна Германија. Првото убиство го направил во 1974-та година, кога имал само 15 години. Неговата жртва била девојче кое одело во исто училиште како него и кое било една година помладо. Тој ја задавил и направил смртта да изгледа како самоубиство, а возрасните со децении го прифаќале ова.

Сите негови убиства следеле иста шема – давел проститутки во разни држави. Она што му помогнало било тоа што полициите во разните европски држави не комуницирале помеѓу себе кога убивал најмногу (од средината на 1990-тите до раните 2000-ти).

Волкер ѝ бил познат на полицијата во Источна Германија и во 1988-ма отслужил 12-годишна затворска казна за силување и напад на жена. Конечно бил фатен во 2006-та година, кога камера за обезбедување го снимала неговиот камион на местото на последното убиство. Во камионот биле откриени и вознемирувачки фотографии од неговите жртви, а на некои од нив се гледало како ги мачел несреќните жени. Во 2007-ма година тој ѝ избегал на правдата и извршил самоубиство.

4. Вампирот од Краков

Роден на 18-ти декември 1946-та година во Краков, Карол Кот уште од мал покажувал знаци на морбидност. Омилена активност му била мачење мали животни. Во септември 1964-та година тој го извршил првиот напад – во една црква тој забодел нож во грбот на постара жена која била клекната да се моли. Жената преживеала. На 26-ти септември истата година тој избодел постара жена до смрт на улица во Краков. Во февруари 1966-та година, тој убил и 11-годишно девојче.

Кот бил уапсен во јуни 1966-та година, кога еден негов колега од факултет ѝ кажал на полицијата за неговите активности. Неговиот случај лутал низ правниот систем на Полска до ноември, 1967-ма година. Добил смртна казна и во 1968-ма година бил обесен. Тогаш имал само 21 година.

5. Тестот на медицинскиот помошник

Петар Зеленка работел како медицински помошник и сметал дека неговото работно место е со цел да ги тестира лекарите кои работеле во болницата. За жал, неговите тестови речиси секогаш завршувале со смрт на пациентите. Помеѓу мај и септември 2006-та година, седум пациенти кои биле на интензивна нега умреле неочекувано. Ниту една од жртвите не била во животна опасност и се очекувало да преживеат. Зеленка, кој бил одговорен за смртта на пациентите, бил уапсен во 2006-та година.

Детективите откриле дека тој им давал на пациентите лек за разредување на крвта без нивно знаење. Им го давал лекот во толку големи количини, што повеќето жртви умирале од внатрешно крвавење. Зеленка подоцна признал дека се обидел да убие уште тројца пациенти, но неуспешно. Во февруари 2008-ма година добил доживотна затворска казна.

6. Убиецот на пладне

Германскиот сериски убиец Клаус Госман имал уникатна навика – ги стрелал неговите жртви кога биеле попладневните камбани. Тој бил роден во Франкфурт 1940-та година и живеел во баварскиот град Херсбрук, каде и што убивал.

На само 19 години тој застрелал двајца странци, а две години подоцна извршил уште едно убиство. Тој продолжил да убива помеѓу 1963-та и 1966-та година. Кога конечно бил уапсен, полицајците откриле дека на еден од неговите пиштоли е изгравирано името Елке. Подоцна Клаус признал дека името е на германската актерка Елке Сомер, која планирал да ја киднапира и да ја убие.

7. Карневалскиот убиец

Јурген Барш бил оштетен и малтретиран млад човек, кој бил дополнително трауматизиран кога неговите родители го натерале да се запише во строго католичко училиште. Помеѓу 1962-ра и 1966-та година, Јурген убил четири момчиња и подоцна ѝ кажал на полицијата дека планирал да убие барем уште сто. Најчесто тој ги мамел неговите жртви во едно засолниште и безмилосно ги тепал. Убиството било ужасно – по тепањето ги врзувал жртвите, им ги откривал гениталиите, мастурбирал и потоа ги бодел до смрт.

Јурген бил фатен во 1966-та година кога една од неговите жртви, 15-годишно момче, успеало да избега од засолништето. Во декември 1967-ма година тој признал и добил 10 години малолетнички притвор. Умрел 9 години подоцна по лоша операција за кастрирање – му ставиле премногу анестезија.

8. Сексуален престапник

Името на Ерих Хаурет се прославило на 30-ти октомври, 1993-та година кога полицијата во Цирих го нашла телото на 20-годишна исчезната девојка. Девојката имала убод на вратот што бил причина за смртта.

На 1-ви ноември 1993-та година полицијата го уапсила Хаурет за смртта на девојката. Тој ѝ бил познат на полицијата бидејќи имал единаесет претходни обвиненија за силување и две за убиство. Тој признал за сите злодела и добил доживотна казна. Но со текот на времето неговата казна се намалила. 20-годишната девојка умрела поради затворската програма што му дозволувала на Хаурет да се движи без никаков надзор. Во 1996-та година, добил уште една доживотна казна.

9. Чувар на смртта

Роџер Андермат, навидум нормален медицински помошник, е најпознатиот сериски убиец во историјата на Швајцарија. На 29-ти јануари 2005-та година, тој веќе бил познат како „Чуварот на смртта од Луцерн“ и добил доживотна затворска казна за убиството на 22 од неговите пациенти. Повеќето од неговите жртви отседнувале во домови за стари лица и биле на возраст од 66 до 95 години. Прво им инјектирал смртна доза лекови за смирување, а потоа ги гушел со пластични кеси.

10. Kанибалот од Рур

Јокаим Крол може да се нарече германскиот Џефри Дахмер, само што тој веќе убил 14 луѓе пред светот да дознае за Џефри. Јоаким пораснал како 6-то дете од семејство со 9 члена. Неговите злодела започнале во 1955-та година, а првата жртва му било 19-годишно момче кое го силувал, избодел и осакатил. Тој ги убивал и ги јадел неговите жртви, а успевал да ја избегне правдата поради лошото работење на полицијата – многу други луѓе бил обвинети за неговите злосторства.

Цели 20-тина години тој убивал, осакатувал и јадел луѓе и конечно бил фатен во 1976-та година. Еден негов сосед ѝ кажал на полицијата за чудното признание на 43-годишниот маж, и кога тие пристигнале во неговиот дом пронашле црн дроб, бели дробови, бубрези и срце на неговата рерна. Деловите од телото му припаѓале на 4-годишно девојче. На судењето Јоаким признал дека убил 14 луѓе. Изјавил дека практикувал канибализам за да ги намали месечните трошоци за храна. Добил доживотна затворска казна и умрел од инфаркт во затворот во 1991-ва година.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

40+ Смешни и романтични илустрации во кои ќе се пронајдат многу вљубени

Се претставила како млада девојка, заработувала многу пари, но еден момент ја чинел: Жена од Кина заборавила да стави филтер, па било откриено нејзиното вистинско лице