Илјадници луѓе сонуваат да станат познати. Но оние кои навистина се прославиле, набрзо сфатиле дека за да ја зачувате популарноста е исто тешко колку и да ја стекнете. Па дури и ако сте навистина успешни, тоа не мора да значи дека вашата кариера ќе напредува и во иднина. Приказните на овие поранешни ѕвезди ќе ви го докажат тоа.
1. Нив Кампбел
Нив Кампбел се прослави откако ја доби главната улога во иконскиот филм од 90-тите, „Врисок“ (Scream). Ова беше најголемата улога на актерката и наредните неколку години – Нив го играше главниот лик во 3 делови од франшизата. Но по завршувањето на снимањето во 2000-та година, нејзината кариера тргна надолу. Таа никогаш не доби голема улога за популарен филм и се појави на големото платно дури во 2011-та година, кога повторно се врати во улогата на Сидни Прескот, во уште еден дел од „Врисок“.
2. Vanilla Ice
Vanilla Ice стана првиот рапер чија песна се најде на врвот од музичките топ листи. Неговата песна „Ice Ice Baby“ веднаш се прослави, а продажбата на албумот беше навистина импресивна. Но и покрај оваа популарност, артистот стана здодевен. Поради ова, тој го раскина договорот со неговата продукциска куќа и стана независен пејач. Денес Vanilla Ice сè уште пее, работи како музички продуцент, а понекогаш се појавува и во некој филм. Сепак, не може да ја повтори славата од минатото.
3. Псај
Во 2012-та година, музичкото видео за „Gangam Style“ стана најгледаното во историјата на Јутјуб. По издавањето на спотот, целиот свет зборуваше за музичарот од Јужна Кореја. Во Европа, песната со месеци се наоѓаше на врвот на музичките топ листи. Додека беше популарен, Псај изведуваше во многу држави ширум светот. Денес, 7 години подоцна, тој сè уште прави турнеи, но не може да го повтори успехот од „Gangam Style“. Дури и самиот артист изјавил дека оваа песна е неговото најголемо достигнување во животот.
4. Роберт Инглунд
И Роберт Инглунд е актер со една улога. Фреди Кругер стана неговото најголемо достигнување, а тој ја повторил улогата многу пати. На крајот на 80-тите, тој беше најпопуларниот лик, а го играше од 1984-та до 2003-та година. Од една страна, оваа улога го направи Роберт навистина популарен, но од друга, не му дозволи да ги покаже неговите вистински актерски способности поради шминката.
5. Рик Моранис
Во 80-тите, Рик беше најпопуларниот комичар во САД и Канада. Филмовите во коишто се појави веднаш станаа популарни. Тој ја имаше главната улога во „Истерувачи на духови“ (Ghostbusters), „Драга, ги смалив децата“ (Honey, I Shrunk the Kids) и други комедии кои беа навистина познати тој период. На неговата кариера не ѝ се закануваше ништо, но на почетокот на 90-тите, неговата сопруга почина од рак. Поради ова, актерот се одлучи да ја напушти својата професија и да им се посвети на децата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден