во ,

10 Одлични комедии од 2019 кои не смеете да ги пропуштите

Доколку периодот ви е напнат или ве нервира промената на времето, ова е вистинското време за расположување со добра комедија.

2019 година се покажа како одлична за седмата уметност, а жанрот комедија не е никаков исклучок.

Одбравме 10, дефинитивно ќе најдете филм по ваш вкус. Време е за смеа:

Late Night (2019)

Кетрин со години е водителка на ТВ шоу, но веќе го има изгубено ентузијазмот за работата. Таа е строга, ексцентрична и не сака да знае ништо за своите вработени. Кога на тимот за прв пат ќе му се приклучи жена, работите полека се менуваат.

Shazam! (2019)

Сè што му е потребно на 14-годишниот Били Батсон да се трансформира од обично дете во супер херој е да изговори еден магичен збор. Но, воопшто не е лесно да си супер херој, да го браниш светот од злобни, натприродни сили и истовремено да си во потрага по изгубената мајка.

The Secret Life of Pets 2 (2019)

Макс, кој е опседнат со безбедноста на бебето во семејството, заминува на село. Таму го запознава бестрашниот Рустер кој го учи на неколку важни животни работи.

Isn’t It Romantic (2019)

Натали е срамежлива по природа и не верува во романтика и љубов. Не може да се пробие на работното место и покрај талентот, сè додека буквално не се разбуди во своја верзија од романтичен филм.

Always Be My Maybe (2019)

Саша и Маркус се најдобри пријатели од детството. Но, по една случка тие престануваат да зборуваат. Години подоцна повторно се среќаваат, прашувајќи се дали сè уште има чувства помеѓу нив.

Where’d You Go, Bernadette (2019)

Бернадет е поранешна успешна архитектка, која страда од агорафобија. Таа е според многумина „чукната“, ретко го напушта домот, па затоа сите се изненадени кога ненадејно исчезнува. На ред е нејзината ќерка Би да ја пронајде мајка си.

Good Boys (2019)

12-годишниот Макс е поканет на неговата прва забава со бакнување. Тој бара помош од најдобрите другари, Лукас и Тор. Но, кога децата ќе го изгубат дронот што го позајмиле од таткото на Макс, тие се впуштаат во потрага која прераснува во луда авантура.

Booksmart (2019)

Ејми и Моли се одлични ученички кои целиот живот се грижеле само за едно – да бидат најдобри во класот. На денот на нивната матура сфаќаат дека и двете пропуштиле многу од тинејџерството и решаваат да надоместат сè во една вечер.

Brittany Runs a Marathon (2019)

Британи е жена опседната со луди забави. Но, посетата на докторот ја освестува, таа мора под итно да го врати здравјето под контрола. Британи е решена да го симне вишокот килограми и да започне здрав живот, а има ли подобра идеја од учество во маратон?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Јапонија можете да изнајмите човек за 9$ да ве слуша како се жалите

30 реченици кои му го промениле животот на подобро, откако му ги кажал психијатарот