Ова се филмовите што не треба да се пропуштат овој месец – вклучувајќи го и најновиот „Марвел“ филм, како и продолжението на „Вселенски баскет“.
„Црна вдовица“ (Black Widow)
Од 2008 година наваму има 15 соло-филмови именувани по машките суперхерои на „Марвел“ и само еден именуван по суперхеројка. Сега, Наташа Романоф, која ја глуми Скарлет Јохансон конечно добива свој филм.
„Стилвотер“ (Still Water)
Во 2016 година, „Под лупа“ освои „Оскар“ за најдобар филм и најдобро оригинално сценарио. Оттогаш, ко-сценаристот, Том Мекарти, направи детски филм за „Дизни+“ и тинејџерска тв-серија за „Нетфликс“. Но, сега, конечно режираше и напиша уште една драма што обработува правни проблеми. Базиран на случајот „Аманда Нокс“, во филмот се појавува Мет Дејмон како Бил Бејкер, работник во нафтената индустрија кој живее во Стилвотер, Оклахома. Неговата отуѓена ќерка студира во Марсеј, кога е уапсена и обвинета за убиство на нејзината другарка.
„Зелениот витез“ (The Green Knight)
Веројатно единствениот филм од 2021 година базирана на поема од 14. век, „Зелениот витез“ почнува со банкет за новогодишната ноќ во Камелот. Монструозниот Зелен витез (Ралф Инесон) влегува и вели дека секој што е околу Тркалезната маса може да го удри со секира, под услов и тој да може да им го стори истото за една година. Режиран од Дејвид Лоули, филмот ветува пострашна, почудна и подобра приказна.
„Змијски очи“ (Snake eyes)
Џи-Ај-Џо спин-оф чија приказна се врти околу мистериозната нинџа – Змијски Очи. Филмот ја раскажува приказната за потеклото на Змијски Очи како и неговиот живот пред да стане нинџа.
„Како завршува“ (How it ends)
Филмот е снимен за време на пандемијата, но според филмските критичари претставува еден од најпријатните филмови досега, со оглед на ограничувањата предизвикани од ковид-пандемијата. Напишан, режиран и во продукција на Зои Листер-Џонс и Дарил Вин, оваа комедија се одвива за време на последниот ден пред Земјата да биде уништена од астероид.
„Вселенски баскет 2“ (Space Jam: A New Legacy)
Кошаркарска суперѕвезда среде меѓугалактичка битка во која учестваат цртани ликови од 30-тите и 40-тите. Тешко е да се објасни како и зошто се појави „Вселенски баскет“, но филмот од 1996 година доживеа огромен успех. Сега, по 25 години пристигнува неговото продолжение, а наместо Мајкл Џордан, се појавува Леброн Џејмс. Интересно е тоа што Леброн Џејмс нема да се сретне само со ликовите од „Луни тунс“, туку многу други ликови на „Ворнер брос“ како Фред Флинстон, Кинг Конг, Железниот џин и многу други.
„Ноќ на кралевите“ (Night of the Kings)
„Ноќта на кралевите“ на Филип Лакате е затворска драма во која млад херој е испратен во озлогласен затвор на Брегот на слоновата коска, длабоко во шумата, каде што затворениците се главни. Нивниот водич умира, па на новодојденецот му дава задача: ако не сака да биде убиен, треба да го задржи вниманието на затворениците, со приказна што трае цела ноќ.
„Лето на душата“ (Summer Of Soul…or When the Revolution Could Not be Televised)
Вудсток не беше единствениот голем американски музички фестивал летото 1969 година. Истовремено, 160 километри јужно, се одржувал Културниот фестивал Харлем во паркот Маунт Морис во Њујорк, во период од шест викенди, а во него учествуваа Стиви Вондер, Нина Симон, Слај и многу други. Целиот настан го снимаше продуцентот Хал Тулчин. Но, повеќето од снимките седеа во архива цели 50 години. Сега, овој документарец ви нуди одлична можност да видите што се случувало за време на тој фестивал.
„Крстарење низ џунгла“ (Jungle Cruise)
Базиран на една од водените атракции во забавниот парк „Дизни“, група патници одат низ џунглата полна со животни и рептили, но секако, со натприродни елементи.
„Стар“ (Old)
Семејство кое е на одмор открива дека плажата каде што престојувале неколку часа, на некој начин ги тера да стареат со огромна брзина.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден