во

100 Фотографии од дивината направени од синот на Стив Ирвин

Четиринаесетгодишниот Роберт Ирвин е најмладото дете на починатиот ловец на крокодили, Стив Ирвин. Тој од татко му ја има наследено љубовта кон животните, која ја искажува преку фотографии направени во дивината.

Купи Маица

Исто како Стив и малиот Роберт очи во очи се соочува со некои од најопасните животни и ги фотографира. Како што вели момчето, интересот за фотографијата е делумно инспириран од неговиот починат татко.

„Татко ми е тој кој најмногу ме инспирираше за фотографирањето. Тој не само што беше неверојатен татко туку и фасцинантен воин во дивината, со голем уметнички ум како и љубов кон правењето фотографии од природата“, вели момчето.

Роберт започнал да фотографира кога имал шест години, на почеток со мал дигитален апарат. Сега, малиот и талентиран фотограф е судија за детскиот National Geographic натпревар за фотографии.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30 Неверојатни фотографии од најголемиот напуштен хотел во Јапонија

Со антенава најверојатно фаќа сигнал од вонземјани…