во , ,

106-Годишен напуштен брод станал пловечка шума

Напуштениот брод “SS Ayrfield” дефинитивно претставува главна атракција на заливот Хомбуш кој привлекува безброј посетители.

https://www.instagram.com/p/BpMY2JHn7dS/?utm_source=ig_embed

Бродот е направен во 1911 година и лансиран како “SS Corrimal”. Масивното пловило од 1.140 тони им служело на американските трупи за време на Втората светска војна како товарен брод за јаглен. Откако ја отслужил својата цел во период од 60 години, бродот бил повлечен, а подоцна бил испратен во Хомбуш за таму да остане засекогаш.

Хомбуш некогаш било прометно трговско место, а подоцна било претворено во бродоградилиште. Исфрлените бродови кои некогаш се користеле за превоз на јаглен и воени залихи биле оставени во заливот да плутаат и на крајот се распаднале.

Меѓутоа, “SS Ayrfield”, “SS Mortlake Bank”, “SS Heroic” и “HMAS Karangi” сè уште пловат по водата, а “SS Ayrfield” несомнено претставува величенствена глетка.

https://www.instagram.com/p/BXqqaPehuCn/?utm_source=ig_embed

На бродот израснала цела мала шума, а крошните мангрово дрво буквално се прелеваат од бочните страни на бродот и прават тој да изгледа како недопрен пловечки рај.

https://www.instagram.com/p/B35-ni5hTf_/?utm_source=ig_embed

Кога природата ќе создаде свое чудо, тоа е најубавата глетка на светот.

https://www.instagram.com/p/Bx6QSaugnee/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BjL5Ph5lWDs/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B00ppeIJ0sc/?utm_source=ig_embed

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јапонски уметник ги претвора најнесреќните моменти на Том и Џери во скулптури, а резултатот е пресмешен

Уште малце ќе дојде јануари…