во , ,

11 Бонтон манири кои луѓето многу често забораваат да ги применуваат

Кој ја плаќа сметката, со која рака се држи чантата и уште ред други работи кои културните луѓе ги прават, а треба да почнете и вие:

1. Заштитете го лимонот со другата рака кога го цедите, за да избегнете прскање на гостите на масата.

2. Салфетата во скутот се поставува како правоаголник, а не триаголник.

3. Не го подигајте малиот прст кога пиете за да ја кренете шолјата, туку поттурнете го дното на шолјата ако има потреба со другата рака.

4. При кивање и кашлање, заштитете ја устата со недоминантната рака. Но, во пандемијата сепак научивме дека е уште подобро ако ја заштитите со внатрешниот дел од лактот. Секако, потоа издезинфицирајте ги рацете.

5. Чекајте сите да седнат, пред да почнете со јадење.

6. Ако некој побара да му ја подадете солта, заедно со неа треба да го додадете целиот сет со зачини.

7. Ако вие каните на бизнис ручек или состанок – вие плаќате.

8. Со лебот прво треба да ги понудите другите, па потоа да земете вие едно парче. Истото важи за сите работи на масата кои се делат.

9. Секогаш носете ја чантата во левата рака, за десната да ви биде послободна. Доколку левата ви е доминантна рака – тогаш обратно.

10. Не си ги пакувајте остатоците од храната за дома.

Сепак за ова правило се поделени мислењата, па многумина велат дека е сосема културно да побарате да ви го спакуваат јадењето доколку сами сте ја платиле сметката и доколку останало повеќе од половина, а не две залчиња.

11. Секогаш седнувајте од левата страна на столчето и станувајте од десната страна на столчето.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Астероид кој е 4,5 пати поголем од Ајфеловата кула ќе помине покрај Земјата – НАСА го карактеризира како “потенцијално опасен”

Погледнете ја фотографијата поради која британската полиција со денови е предмет на потсмев