во , , ,

11 Едноставни и практични трикови кои ќе ви се најдат во секој хотел

Ако често отседнувате во хотели, без разлика дали поради одмори или деловни патувања, добро би било да знаете како максимално да искористите сè во собата.

Ако сте загрижени за безбедноста, на кваката ставете стаклена чаша. Секако, чашата нема да ве заштити, но ако некој се обиде да ја отвори вратата, чашата ќе падне и ќе ве разбуди.

Ако немате пегла, закачете ја облеката во бањата и пуштете топла вода 5-10 минути. Можете да го направите ова и додека се туширате.

Облеката ќе се исправи од пареата, но имајте на ум дека овој трик нема да функционира за премногу истуткана облека.

Ако има простор помеѓу завесите, можете да ги затворите со закачалка со штипки.

Ако сакате да исперете нешто во мијалникот, можете да го затнете со тоалетна хартија ставена во најлонска кеса.

Далечинските управувачи во хотелите се едни од највалканите предмети. Па, за да се заштитите, само ставете му најлонска кеса. Можете да искористите и капа за туширање што ја има во повеќето хотели.

Ако мразот од хотелот ви е сомнителен, не мора да го ставате директно во пијалакот. Наместо тоа, ставете го во сад, па ставете ја чашата во мразот.

Ефектот нема да биде потполно ист, но колку-толку ќе го разлади пијалакот.

Ако столните ламби во хотелот се премногу силни, можете да ги придушите со весник или нешто слично.

Трик за брзо сушење чевли. Само внимавајте – не го оставајте фенот да работи многу долго и надгледувајте го.

Ако ви пречи вревата (или светлото) од ходникот, ставете крпа како на фотката подолу. Крпата колку-толку ќе го изолира звукот и целосно ќе ја блокира светлината.

Кога ќе излегувате од собата, на вратата ставете го знакот за да не ве вознемируваат. Доколку некој планира да краде, поради знакот ќе помисли дека во собата има некој.

Ако нема каде да ја ставите четката, не ја оставајте на мијалникот кој може да има куп бактерии. Наместо тоа, употребете ролна тоалетна хартија.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку за анестезијата?

Ова е твојата секира?