Поранешен вработен во домот на Елен Деџенерис открива мрачни детали од однесувањето на водителката кон вработените.
Елен Деџенерис периодов е на тапет затоа што како сите да добија храброст да кажат јавно колку „ужасна“ личност е познатата водителка.
Најмногу страдаат вработените кои се дел од нејзиното шоу, но сега осамнаа информации дека ситуацијата не е подобра ниту за вработените во нејзиниот дом.
Таа го одржувала домот како воен камп, откри поранешен вработен кај Елен.
Тој вели дека во нејзината вила во Калифорнија ретко кој издржува да работи повеќе од неколку месеци. Водителката постојано давала наредби со висок тон, ги мачела вработените и за најмали грешки и како да ѝ било задоволство да отпушта луѓе од работното место.
„Елен е најлошата личност која сум ја запознал во животот. Таа ги третира луѓето како да се ништо. Како да ужива кога дели откази. Таа ќе ве измачува, а вие само ќе седите таму и ќе слушате затоа што сте платени“, изјави поранешниот вработен на Елен.
Елен дури им поставувала замки на вработените за да открие дали навистина го чистеле секој агол од нејзиниот дом, од типот на оставено чкорче некаде на земјата и слично.
Еден ден персоналот нашол 8 чкорчиња на чудни локации низ домот. Остатокот од денот сите го минале во барање на уште чкорчиња за да спречат некој од персоналот да биде отпуштен.
Поранешниот вработен кај Елен вели дека издржал неколку месеци таму пред да биде отпуштен и со тоа станал еден од оние со „најдолга“ кариера во домот на Елен. Вели дека отказот му дошол како олеснување затоа што да се работи за неа било трауматично и токсично.
Тој додава дека Елен вреска и казнува дури и ако ѝ послужите одредена храна во погрешна чинија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден