Некои од овие закони навистина би си ги посакале во Македонија како што е забрана за бушење со бормашина во недела, но некои навистина се бизарни.
Европа е прекрасен континент, а дополнителен бонус е што ние сме дел од неа, па сите фасцинантни места што ги нуди ни се на „дофат на рака“.
Но, забавното патување може да ви го расипе неочекувано апсење од страна на полицијата, па добро би било да се информирате за законите кои важат во земјата што ја посетувате.
Ќе се изненадите какви закони постојат дури и во некои од нашите соседни земји. Се разбира, колку навистина се почитуваат и се пропишуваат казни за истите навистина не знаеме.
Кои се најлудите начини да бидете уапсени во Европа:
Фрлање ѓубре во недела во Швајцарија
Недела можеби ви изгледа како добар ден за средување на домот, но во Швајцарија може да добиете казна ако ги користите контејнерите во вашето соседство.
Во 2014 година Германката Џудит Шулт во Цирих на овој начин го вознемирила соседот, кој ја пријавил и морала да плати голема парична казна или да мине две ноќи во затвор.
Бушење со бормашина во недела во Германија
Викендите се за релаксација, а Германците тоа го сфаќаат многу сериозно.
Продавниците се затворени, а вие не смеете да правите поправки во домот и со вревата да ги вознемирувате соседите кои одмораат.
Носење апостолки додека возите во Шпанија и Грција
Дури и кога одите накај плажа во Шпанија, не смеете да носите апостолки додека возите, а забрането е и сандали и високи потпетици и возење со боси нозе.
Сето тоа е поради вашата безбедност, а казната е 200 долари. Ист закон има и во Грција.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден