во , , ,

11 волшебни места што биле инспирација за најпопуларните цртани филмови

Замислете место толку убаво што ве тера да мислите дека не му припаѓа на овој свет. Постојат места во секоја земја што се чини дека се земени директно од бајките. Овие шармантни села, древни замоци и длабоки шуми служеле како инспирација за филмските дизајнери и продуценти да создадат кралства на кои им се восхитуваме на екранот, а денес лесно можеме и да посетиме голем дел од нив.

Ние сакаме да ви покажеме дека во светот постојат и магични места. Еве неколку кои биле инспирација за анимираните верзии на најпознатите бајки.

1. „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast)


Ви го претставуваме Алсак, магичниот регион во Франција познат по живописните села. Цртаниот филм на Дизни е направен според оригинална приказна на Габриел-Сузан Барбо де Вилнев, француска писателка од 19-тиот век. Малиот „провинциски град“ од кој доаѓа Бел, навистина е мал провинциски град. Продуцентите одбрале села како Колмар за да го создадат родното место на Бел, а резултатот сигурно ќе ѝ се допадне и на Габриел-Сузан.

2. „Снежана и седумте џуџиња“ (Snow White and the Seven Dwarfs)

Најстарата принцеза на Дизни е инспирирана од германска народна приказна на браќата Грим. Според некои истражувања, приказната можеби била вистина, а темната шума, џуџињата и стаклениот ковчег се наоѓале околу замокот Лор и шумата Шпесарт.

3. „Моана“ (Moana)

Џон Маск, еден од режисерите, ја добил идејата за филмот од книга која го опишувала полинезискиот митски херој Мауи. Со цел да истражува, тој патувал низ многуте рајски острови во Јужниот Пацифик. Фиџи, Самоа и Тахити се некои од островите кои ги посетил со цел да научи за културата на домородното население, но и за да го создаде неверојатниот остров на Моана.

4. „Пинокио“ (Pinocchio)

Филмот е базиран на познатата книга од Карло Лоренцини, а дејството се случува во родното место на неговата мајка – италијанското село Колоди. Бидејќи ова село му било толку значајно, авторот почнал да го користи и псевдонимот Карло Колоди. Малите куќички, калдрмите и куполите го направиле ова село совршено за приказната на Пинокио.

5. „Храбра“ (Brave)

Не е тајна дека филмот е сместен во Шкотските Гори. Средновековниот замок Дунотар, кој е опкружен со најзелениот пејзаж во светот, е совршено место за авантурите на Мерида. Не е ни чудно овде да очекувате магија, натпревари во стрелаштво и шкотски акцент.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 илустрации за жените и нивната контроверзна страна

16 Компарации со кои ќе ги видите работите од сосема друга перспектива