6. „Замрзнато кралство“ (Frozen)
Пејзажот во анимираниот филм е „позајмен“ од руралните градови на Норвешка и нејзините магични фјордови. Можете и самите да ја препознаете сличноста на природата, дрвените цркви и градовите од тули. Филмот е инспириран од приказната на данскиот автор Ханс Кристијан Андерсен, која нам ни е позната како „Снежната кралица“ (The Snow Queen). Па не е ни чудно што режисерот отпатувал во Скандинавија за да побара инспирација.
7. „Пепелашка“ (Cinderella)
Оригиналниот замок на Пепелашка е дизајниран од Герберт Риман, кој подоцна станал и дел од Дизниленд. Негова главна инспирација бил замокот Нојшванштајн во Германија. Високите кули, влезот со куполи и шумата одоколу совршено се совпаѓаат со замокот на принцот на Пепелашка.
8. „Мулан“ (Mulan)
Предците на Мулан сигурно се многу горди. Филмот е адаптација на стара кинеска народна приказна која датира од 5-тиот или 6-тиот век. Продуцентите направиле историско истражување и ја сместиле приказната онаму каде што би требало да биде – помеѓу династиите Минг и Ќинг. Познатите локации како Големиот кинески ѕид и Забранетиот град во Пекинг веќе биле изградени во тој период.
9. „Малата сирена“ (The Little Mermaid)
Вистинскиот замок се наоѓа покрај езеро, а не океан, но е речиси идентичен со оној од цртаниот филм. Швајцарскиот замок Чилон на брегот на Женевското Езеро, служел како инспирација за прекрасниот дом на принцот Ерик. Замокот е опкружен со вода, високите кули се исти како на филмот, а тесните прозорци само го надополнуваат изгледот.
10. „Аладин“ (Aladdin)
Измислениот град Аграба е сместен некаде во Средниот Исток, а замокот на Јасмин и познатиот Таџ Махал во Индија се речиси идентични. Причината е што замокот бил конструиран за време на Могулското Царство, кога исламот бил официјална религија и преовладувала муслиманската архитектура.
11. „Заплеткано“ (Tangled)
Кулите од анимираниот филм навистина постојат. Кулата на Рапанзел е инспириран од француските средновековни кули, но наликува и на ирските кули изградени за одбрана против Викинзите. Но, ова се само претпоставки. Замокот од друга страна, е идеја што дизајнерот ја добил од островот Мон Сен Мишел.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден